Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Догодина, УЈП со засилени контроли за потекло на имот

12 ное. 2020 г.·2 мин читање·1001 прегледи

Следете не на Viber

Барањата за државна помош за зачувување на работните места компаниите може да ги поднесуваат до утре, рокот е пролонгиран затоа што имаше и мал прекин во можноста за аплицирање поради преоптовареност на системот.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска рече дека ќе инсистира секој месец да се објавуваат компаниите кои зеле државна помош, а не им  ја исплаќаат на работниците и дека УЈП согласно со законот ќе постапува заедно со Инспекторатот за труд.

„Да се надеваме дека во првата половина од 2021 ќе ги нема овие тешки бројки на заразени, што се пресликува и рефлетира во стопанството. Очекуваме дека ќе можеме да го држиме буџетот во добра динамика. Сепак, треба соодветни анализи кои ги правиме кон крајот на годината за да видиме колкави очекувања треба да имаме од компаниите, а кои ќе бидат и нивните можности во КОВИД-кризата“, рече Лукаревска во „Топ тема”.

Во 2021 година УЈП, како што рече, ќе има засилени контроли за потекло на имот на граѓаните согласно со Законот за данок на личен доход.

Лукаревска соопшти и дека е одлична наплатата во октомври 2020. Наплатен е 8,2 милијарди денари приход односно 12 отсто натфрлање на планот на УЈП за собирање приходи. Во однос на октомври 2019 пониска е само наплатата кај данокот на личен доход, од околу 3,5 проценти. Чиста слика како ќе се заврши 2020 во ваква криза, рече таа, ќе има откако ќе ги имаат податоците за ноември и декември.

Ја нагласи редовноста од враќањето на ДДВ кој е битен сегмент за одржливост на компаниите, а одлична динамика, рече, има и кај придонесите.

Клучни зборови

  • контроли
  • потекло на имот
  • Сања Лукаревска
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk