Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

УЈП: Пријавувањето приходи од странство е законска обврска, ново е само вкрстувањето на податоците

15 апр. 2026 г.·2 мин читање·2188 прегледи

Следете не на Viber

Обврската за пријавување и оданочување на доход остварен во странство не е новина, туку дел од постојните законски правила кои важат со години. Суштинската промена е во засилената контрола, односно системската обработка и вкрстување на податоците за приливи од странство, кои банките редовно ги доставуваат, појаснуваат од Управата за јавни приходи.

„Физичките лица се должни да пријавуваат доход, особено кога станува збор за приходи од странство или кога нема домашен исплатувач“, посочуваат од УЈП, додавајќи дека пријавувањето се врши преку системот е-ППД и преку годишната даночна пријава.

Податоците покажуваат дека за 2020 година биле испратени 11.527 известувања до граѓани со евидентирани приливи од странство. Од нив, 2.276 лица доброволно поднеле пресметки, додека кај 3.637 лица обврската била утврдена по службена должност. Кај 5.614 лица било утврдено дека не станува збор за оданочив доход. Вкупниот утврден данок изнесува 171,6 милиони денари, од кои досега се наплатени 30,4 милиони денари.

Според поновите податоци, во текот на 2025 година 70.869 граѓани примиле приливи од странство во вкупен износ од 577 милиони евра. Досега се испратени 9.522 известувања, а 4.459 лица доброволно поднеле пресметки.

Од УЈП нагласуваат дека пристапот е постепен и насочен кон доброволно усогласување, а не кон казнување. Истовремено, потенцираат дека нема двојно оданочување доколку граѓаните достават доказ дека данокот е веќе платен во странство.

Исто така, од УЈП посочуваат на случаи со лица ангажирани во странски мисии, како и студенти кои работеле во странство преку програмата „Work and Travel“. Во тек се поединечни анализи и дополнителни проверки – за 257 лица ангажирани во мисии е побарана меѓународна проверка, додека за 134 лица кои работеле во странство се организираат директни средби за појаснување на даночните обврски и можностите за плаќање.

Од УЈП оценуваат дека дел од граѓаните се соочуваат со навидум нови обврски поради недоволната информираност во минатото, но целта, како што велат, е воспоставување правичен и транспарентен даночен систем со еднаков третман за сите.

 

 

 

Клучни зборови

  • даночни обврски
  • оданочување доход од странство
  • управа за јавни приходи
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk