Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Учениците од Крива Паланка ќе се едуцираат за врсничко насилство во кампањата на „Макпетрол“

3 јун. 2024 г.·3 мин читање·668 прегледи

Следете не на Viber

Работилници овозможени од „Макпетрол“ ќе се организираат и во Крива Паланка во рамки на општествено одговорната кампања на компанијата. Учениците од оваа општина ќе бидат дел од едукативни средби на кои што за различните аспекти на булингот ќе разговараат со психолог со искуство во проблематиката. Знаењата споделени на овие работилници се наменети и за наставници, педагози и психолози, кои што истите потоа ќе можат да ги применат во секојдневната настава.

Со цел поефикасна реализација на активностите што се дел од кампањата „Крени глас против врсничко насилство“, „Макпетрол“ и Општина Крива Паланка потпишаа меморандум за соработка. Освен работилници, компанијата и за оваа општина ќе испечати и ќе достави едукативни прирачници за булинг кои учениците ќе можат да ги споделат и со своите родители.

Во рамки на истата кампања, „Макпетрол“ неодамна го организира и отворениот настан „Со позитивна енергија против врсничкото насилство“ што се одржа во  Градскиот Парк во Скопје. Диџеј Боно, Сашко Коцев, „Биби и Боби“, Лозано, Пајак, Жељко Самарџиќ, Весна Петрушевска со децата од нејзината актерска школа, како и други гости, беа дел од програмата на оваа забавна дружба. Најмладите, исто така, имаа можност да уживаат и во низа интерактивни содржини и популарни игри.

Крива Паланка е 25 општина што се приклучува на општествено одговорната кампања на „Макпетрол“. Изминатиов период тоа го сторија и Берово, Свети Николе, Ново Село, Струга и Кавадарци. Претходните месеци, од почетокот на 2024 и Валандово, Дојран, Кочани, Охрид, Виница, Битола, Штип, Бутел, Петровец и Чучер-Сандево станаа дел од „Крени глас против врсничко насилство“. Во 2023 година, од почетокот на кампањата, компанијата потпиша меморандуми за соработка и со Центар, Аеродром, Гази Баба, Гевгелија, Демир Капија, Куманово, Карпош, Кисела Вода, како и Ѓорче Петров.

Физичкото, вербалното, психичкото, социјалното и сајбер-насилството се најчестите форми на булинг. Токму со нив децата и младите од Крива Паланка подетално ќе се запознаат во текот на работилниците овозможени од „Макпетрол“. Општествено одговорната кампања на компанијата има за цел да го крене јавниот интерес за булингот во Македонија, а клучен дел од овој пристап е веб-сајтот kreniglas.mk.

Компанијата го овозможи креирањето нa оваа интернет-страница со цел децата и младите да добијат платформа за информирање, но и за споделување лични приказни за врсничкото насилство без притоа да го откријат идентитетот. Преку анонимноста, тие можат слободно да пренесат како гледаат на проблемот и да се стекнат со знаења за тоа како состојбата би можела да се подобри.

„Макпетрол“ преку кампањата „Крени глас против врсничко насилство“ го исполнува својот стратешки приоритет за општествена одговорност. Во текот на долгогодишното постоење, компанијата континуирано е иницијатор или активен учесник во проекти што обезбедуваат поддршка на заедницата. Младите се во фокусот на кампањата „Стоп за булинг“, односно преку неа на децата им се овозможува поткрепа во соочувањето со проблемот со врсничкото насилство. Значаен дел од општествено одговорните активности на „Макпетрол“ и натаму ќе бидат младите генерации. Компанијата ќе продолжи да помага во создавањето и во подобрувањето на можностите за нивен развој и напредок.

Клучни зборови

  • Крива Паланка
  • Макпетрол
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk