Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

#ТвитерДедоМраз повторно оживува – Заедно даруваме радост и поддршка за децата и семејствата во Македонија  

23 дек. 2025 г.·2 мин читање·1463 прегледи

Следете не на Viber

По неколкугодишна пауза, со помош на Ротари Клуб Скопје Х, иницијативата #ТвитерДедоМраз повторно се активира со проширена мисија и нова организациска поддршка.

#ТвитерДедоМраз првично (инцијатива започната од @gogiche) беше насочена кон подобрување на условите на детското одделение на Неврохирургија за веќе во наредните иницијативата да се прошири, со фокус на обезбедување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства. Техничката поддршка и веб-платформата dedomraz.mk се обезбедени од компанијата ГрабИТ, додека здружението Љубезност е задолжено за креирање и ревидирање на списокот на корисници.

По прекинот предизвикан од пандемијата, од 2025 година иницијативата повторно се активира, овојпат со официјална поддршка од Ротари Клуб Скопје Х, со што добива поцврста организациска структура и поширока, вклучително и меѓународна, покриеност.

Од оваа година, #ТвитерДедоМраз се проширува, па покрај обезбедување новогодишни пакетчиња за деца од социјално загрозени семејства, со два нови столба:

  • донација на прехранбени продукти за социјално загрозени семејства;
  • донација на школски прибор за деца од основно образование кои потекнуваат од социјално загрозени семејства.

Денес, целта е да израдуваме 3.000 деца со новогодишни пакетчиња, како и дополнителна поддршка за семејства во потреба низ целата држава.

Начини за донација

Донациите може да се реализираат на следните начини:

Онлајн:
www.dedomraz.mk

Преку банкарска уплата:

  • Денарска сметка:
    300000005413606
    Цел на дознака: Твитер Дедо Мраз
  • Девизна сметка:
    0270100435745
    IBAN: MK07300701004357498
    SWIFT: KOBSMK2X

 

Организаторите упатуваат отворен повик до граѓаните, компаниите и медиумите да се вклучат и да бидат дел од оваа заедничка мисија – затоа што радоста е најубава кога се споделува.

Повеќе информации можат да се најдат на www.dedomraz.mk; X: @RotarySkopjeX

Клучни зборови

  • #ТвитерДедоМраз
  • Ротари Клуб Скопје Х
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk