Тутунски комбинат Прилеп: Откупната цена за килограм I класа ароматичен тутун зголемена за 35 денари
Маја Анастасова1 мин читање
Нова цена од 365 денари дава Тутускиот комбинат од Прилеп за килограм прва класа ароматичен тутун од ланската реколта. Акционерите на денес одржаното Собрание ја прифатија предлог-одлуката од Одборот на директорите, за зголемување од 35 денари по килограм.
Промената се однесува за сите производители кои веќе продале дел или можеби целото производство и добиле износи пресметани по првично утврдената цена од 330 денари за килограм. Ним ќе им биде доплатена разликата.
Како што е наведено, одлуката веднаш стапува во сила. Со овој потег, целта на прилепскиот Комбинат е да ги израмни откупните цени со конкуренцијата присутна на пазарот на ароматичен тутут од минатогодишната реколта.