Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Турско-македонски културен мост преку кинематографијата – нови можности за соработка и зближување

24 сеп. 2025 г.·4 мин читање·516 прегледи

Следете не на Viber

Турската кинематографија беше во фокусот на 46. Интернационален фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, кој годинава му ја додели специјалната Златна „Камера 300“ за особен придонес во светската филмска уметност на еден од најистакнатите турски режисери, сценаристи и продуценти – Семи Капланоглу.

Авторот на познатата „Трилогија за Јусуф“ (Јајце, Млеко, Мед), награден со „Златна мечка“ на Берлиналето во 2010 година, ја прими наградата во Битола, градот на пионерите на балканската кинематографија. „Филмот отсекогаш бил јазик на светлината и сенките, на тишината и гласот, на сеќавањето и сништата… затоа што уметноста е дел од најдлабоките патишта што придонесуваат кон духовниот развој на човекот“, истакна Капланоглу во своето обраќање.

Фестивалот беше поддржан од Министерството за култура и туризам на Туркије и имаше истакнато присуство на турски филмови и нивните автори. „Целта ни е да ги зголемиме копродукциските проекти меѓу Туркије и Северна Македонија. Како две блиски земји, тука сме да се зближиме уште повеќе“, изјави Бирол Ѓувен, генерален директор за кино на турското Министерство за култура и туризам. Освен проекцијата на филмот „Жито“ на Семи Капланоглу, дел од официјалната фестивалска програма беше дебитантскиот игран филм на Мурат Фиратоглу – „Еден од деновите кога Хеме умре“, додека краткиот филм „Гаран“ на Семи Јилдиз се натпреваруваше во категоријата за кратки филмови.

Во рамките на фестивалот, турското Министерство за култура и туризам и Амбасадата на Туркије организираа прием во историската гимназија „Манастир“ во која учел Ататурк. На настанот присуствуваа продуценти, режисери и филмски уметници од двете земји, како и интернационални гости на Фестивалот.

Неколку членови на турската делегација на фестивалот учествуваа и на панел-дискусијата организирана од Институтот „Јунус Емре“ и Турскиот театар во Скопјe. Панелот беше посветен на новите перспективи за заеднички проекти и на него учествуваа водечки личности од денешната турска филмска индустрија – режисерот, сценарист и продуцент Мурат Фиратоглу, продуцентот Ипек Ерден и режисерот, сценарист и продуцент Бурак Чевик.

Особен акцент беше ставен на филмот на Мурат Фиратоглу „Еден од деновите кога Хеме умре“, кој веќе освои престижни награди – Специјалната награда на жирито на 81-от Филмски фестивал во Венеција и наградата за најдобар филм на 31-от Филмски фестивал „Златен бол“ во Адана. Со оваа продукција, Туркије се кандидира за 98-то доделување на наградите „Оскар“ во категоријата „Најдобар меѓународен долгометражен филм“.

Учесниците говореа за предизвиците и можностите што ги носи дигиталната ера, за перспективите на меѓународните копродукции и за тоа како театарот, киното и ТВ-сериите можат меѓусебно да се инспирираат и збогатуваат. „Уметноста е еден од најсилните мостови што ги надминуваат границите и ги зближуваат луѓето,“ беше заклучокот на панелот.

Со оваа интензивна презентација на искуства и идеи, турско-македонската соработка во кинематографијата добива поттик за нова динамика и отвора пат за идни заеднички проекти, градејќи мостови на културна размена и заемна инспирација меѓу двете земји.

Клучни зборови

  • Браќа Манаки
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk