Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Турската лира на најниско ниво досега, инвеститорите стравуваат од тонење на економијата

11 мај 2020 г.·3 мин читање·622 прегледи

Следете не на Viber

Турската валута падна на најниското ниво досега, при што американскиот долар се искачи во однос на лирата до ниво што го немаме видено две години откако банкарскиот регулатор на земјата се пренасочи кон ограничување на пристапот на странските инвеститори чии трансакции би ја деноминирале лирата.

Лирата e под голем притисок поради зголемената инфлација, зголемената невработеност и бавниот раст на економијата – и сега, дополнително на се тоа најголем број на случаи со коронавирус на Блискиот исток. Централната банка на Турција повлече милиони долари од своите девизни резерви за да купи лири и да ја поддржи домашната валута наспроти вредноста на доларот, а доцна во вторникот турскиот банкарски регулатор најави нови ограничувања за странците кои сакаат да направат трансакции во кои се деноминира лирата во обид да ги спречат негативните шпекулации за вредноста на валутата и да ја намалат препордажбата за краткорочна заработка.

Но планот на турксата влада имаше спротивен ефект: лирата падна во наредните два дена, при што доларот порасна за 0.6% во однос на лирата и моментално еден долар купува 7.49 лири, со што ја надмина претходната рекордно ниска стапка во 2018 година која беше 7.236 лири за долар.

За споредба, во овој период пред две години еден долар купуваше отприлика 4 лири.

Економијата на Турција беше под притисок уште пред да се појави пандемијата. Сега, по скоро две години слабеење на валутата, високиот долг и брзото празнење на девизните резерви на земјата со 82 милиони жители е во особено лоша позиција за да се справи со разбеснетата пандемија. Стапка на невработеност беше скоро 14% во јануари, пред економијата да го почувствува влијанието на пандемијата, а турската масивна туристичка индустрија секако ќе биде десеткувана во блиска иднина.

Турција пријави 129.491 случаи на коронавирус и 3.520 смртни случаи заклучно со средата, стигнувајќи до пикот на повеќе од 4.000 нови случаи на ден во средината на април пред да започнат да се намалуваат дневните случаи на ниво од нешто повеќе од 2.000 на ден.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кон средината на април ја отфрли секоја сугестија за добивање помош од Меѓународниот монетарен фонд, одлука што еден признаен аналитичар на пазарите во развој ја смета за погрешна во време кога економистите велат дека на Турција и недостасуваат економски и фискални ресурси потребни за да издржат таков пад. Ердоган во неколку наврати ги демантираше критичарите и тврди дека турската економија е еластична.

Извор:CNBC

Клучни зборови

  • валути
  • денари
  • долари
  • економија
  • ковид19
  • коронавирус
  • пандемија
  • турска лира
  • Турција
  • финансиски пазар
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk