Рекордно ниско ниво на турската лира поради конфликтот на Кавказ
Borjan1 мин читање

Турската лира падна на рекордно ниско ниво во однос на американскиот долар, еврото и британската фунта во понеделникот, поради загриженоста дека Турција би можела да се вклучи во брзо растечкиот конфликт на Кавказ.
Турската лира се лизна за два проценти во однос на доларот и беше на пат да го доживее својот најлош ден од почетокот на август, кога последниот наплив на продажба започна да ја погодува валутата која изгуби половина од својата вредност за помалку од три години, пренесува Ројтерс.
Интензивната распродажба ги избриша добивките остварени минатата недела, кога централната банка неочекувано ги зголеми каматните стапки за два проценти на 10,25 проценти – првото зголемување на каматните стапки во последните две години – за стабилизирање на лирата и справување со инфлацијата.