Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Туристичка статистика за мај: Најмногу гости од Турција, најпосетени езерските крајбрежја

12 јул. 2023 г.·2 мин читање·738 прегледи

Следете не на Viber

Во мај низ државата минале 100.977 туристи. Главно странци – 71.259 или 70,6 отсто, додека 29,4 проценти се домашни туристи, односно нивниот број е 29.718.

Податоците од Државниот завод за статистика покажуваат дека во текот на петтиот месец од годината се остварени 199.984 ноќевања, каде што со 68,6 проценти се доминантни странските, а 31,4 отсто се реализирани од домашните гости. Или соодносот е 137.161 наспроти 62.823.

Од јануари до мај, а споредено со истиот лански период, бројот на туристите е зголемен за 29,4 насто. Статистиката вели дека кај домашните туристи растот е 4,8, а кај странските – 45,9 проценти. Зголемен е и бројот на ноќевањата, и тоа за 18,6 насто. Ноќевањата на странците се побројни за 31,9, а на домашните туристи за 0,6 насто.

За туристите, во мај најпривлечни биле езерските крајбрежја. На тие места статистиката евидентирала 43.642 посетители. Од нив 16.274 домашни и 27.368 гости дојдени од други држави.

На втората позиција е Скопје со вкупно 35.399 гости – 4.382 домашни и 31.017 странци.

Хотелите се првиот избор на гостите. Мајските податоци покажуваат за хотелското сместување се определиле 91.833 лица – 24.204 од земјава и 67.629 од странство. Најмалку гости имало во туристичките апартмани, само 32.

Во петтиот месец од годината меѓу странските посетители најбројни биле Турците – 16.412, кои во структурата на гостите-дојденци учествуваат со 23 проценти. Зад нив се Србите, кои во мај дошле Србија 8.643 на број. Следат посетителите од Германија – 4.042, од Хрватска – 4.004, а во топ пет се и тие 2.839 кои дошле од САД. Најмалубројни се туристите од Јужна Африка, 18.

Клучни зборови

  • Државниот завод за статистика
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk