Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Ердоган: Турција заврши со ММФ, а девизните резерви изнесуваат 95 милијарди долари

23 фев. 2021 г.·2 мин читање·1148 прегледи

Следете не на Viber

Турскиот претседател и лидер на АК Партијата, Реџеп Таип Ердоган денеска изјави дека девизните резерви на Турската централна банка изнесуваат 95 милијарди долари и оти националната економија е добро поставена за конкурентски натпревар на светска сцена.

Тој денеска присуствуваше на редовниот седми конгрес на огранокот на АКП во Измир, а неговиот говор истовремено беше пренесуван и на конгресите на партијата во градот Невшехир и во градот Хакќари, јави агенцијата Анадолија.

Потсетувајќи дека кога партијата дошла на власт долгот кон Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) на земјата изнесувал 23,5 милијарди долари, Ердоган рече дека во мај 2013 година долгот е вратен целосно.

„Кога стапивме на функција, Централната банка имаше 27,5 милијарди долари девизни резерви, сега имаме 95 милијарди долари девизни резерви, но ќе кажам уште една бројка. Кога бев премиер девизните резерви се искачија на 132 милијарди долари. Потоа имавме намалување. Што значи тоа? Тоа значи дека ние повторно ќе се искачиме на 132 милиони долари, ќе се искачиме и на 200. Затоа што ние си ја знаеме работата, подвлече турскиот претседател.

Клучни зборови

  • девизни резерви
  • Меѓународниот монетарен фонд (ММФ)
  • Реџеп Таип Ердоган
  • Турска централна банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk