Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ТТК Банка известува за исплата на паричните права од социјална и детска заштита

2 дек. 2020 г.·2 мин читање·6798 прегледи

Следете не на Viber

Ве известуваме дека од 3-ти декември (четврток) ТТК Банка АД Скопје ќе започне со исплата на средствата за корисниците на гарантирана минимална помош  за месец ноември 2020 година преку мрежата на банкомати, додека исплатата преку филијалите и експозитурите на Банката со цел да се овозможи поголема заштита на корисниците во услови на опасност од вирусот КОВИД-19 ќе се реализира во согласност со определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

  • 3-ти декември (четврток) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, М;
  • 4-ти декември (петок) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Останатите права од социјална и детска заштита (детски додаток, посебен додаток, ЕПП за новороденче, родителски додаток за трето дете, родителски додаток за четврто дете, додаток за образование, надоместок за помош и нега од друго лице, еднократна парична помош, надоместок заради попреченост, цивилна инвалиднина, социјално домување, социјална сигурност за стари лица, социјална пензија, азиланти домување, парична помош за згрижувач, паричен надоместок за згрижувачко семејство) ќе започне од 4-ти декември (петок) преку мрежата на банкомати, додека исплатата преку филијалите и експозитурите на Банката ќе се реализира во согласност со  определен редослед, според првата буква од презимето и тоа:

  • 7-ми декември (понеделеник) – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ, И, Ј, К, Л, Љ, М;
  • 9-ти декември (среда) – Н, Њ, О, П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш.

Со цел заштита на здравјетo, апелираме средствата првенствено да се користат за безготовински плаќањa во трговската мрежа или преку електронско банкарство TTK E-bank или мобилно банкарство TTK M-bank, а во случај на потреба од готовина да се подигнуваат од банкомат.

Во случај на неопходна посета на филијалите и експозитурите на Банката задолжително е носење лична заштитна опрема на лицето (заштитна маска, марама или шал), држење на пропишаното минимално растојание и дезинфекција на рацете.

Клучни зборови

  • детска заштита
  • исплата на средствата
  • социјална заштита
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk