Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Берза

На 18 септември ТТК Банка нуди можност за купување македонски акции без трошоци

14 сеп. 2020 г.·2 мин читање·235 прегледи

Следете не на Viber

На 18 септември, сите домашни физички лица ќе можат да тргуваат со акции на Берзата, без плаќање трансакциски трошоци.

По повод одбележувањето 25 години од основачкото собрание на Македонска Берза АД Скопје, Берзата иницира одржување т.н. „Инвеститорски ден“ што ќе се одржи на 18-ти овој месец.

Во рамките на „Инвеститорскиот ден“, сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци, односно без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива.

При тоа ќе треба да бидат исполнети следните услови: инвеститорите да склучат нормални трансакции со акции преку БЕСТ системот; износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор да не изнесува повеќе од 10.000 евра, независно од бројот на берзански трансакции преку кои истиот ќе биде остварен; и трансакциите да бидат склучени преку клиентска, односно сопственичка сметка.

Иницијативата „Инвеститорски ден“ има за цел промовирање уште поактивно учество на домашните индивидуални инвеститори на македонскиот пазар на хартии од вредност и вложување од страна нанаселението во акции издадени од домашните компании што се тргуваат на Македонската Берза, односно зголемување на знаењето за овие финансиски инструменти и подобрување на инвестициската култура во нашата држава.

Се планира овој настан да стане традиција на македонскиот пазар на хартии од вредност и да продолжи да се организира редовно и во иднина.

Во согласност со решението на Комисијата за хартии од вредност, ТТК Банка АД Скопје настапува како овластен учесник на пазарот на капитал од 2003 година. Тргувањето се извршува во регистрираните простории на Одделот за работа со хартии од вредност на Банката во Скопје, а налози од клиенти се примаат во сите филијали и експозитури на Банката ширум Републиката.

Во соработка со овластените брокери на Банката, инвеститорите имаат можност да го креираат деловното портфолио и да го реализираат планот за инвестирање.

За повеќе информации заинтересираните инвеститори можат да се обратат во експозитурите и филијалите на ТТК Банка АД Скопје, или пак во Одделот за работа со хартии од вредност на Банката, на телефонскиот број 02/32 47 000 локал 495 и 496.

Клучни зборови

  • акции
  • Берза
  • Инвеститорски ден
  • провизија
  • ттк банка
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk