Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ТТК банка: Исплата на камата за корпоративната обврзница по стапка од 2,7%

11 фев. 2025 г.·2 мин читање·973 прегледи

Следете не на Viber

Сопствениците на корпоративната обврзница од втората емисија на ТТК банка, во петок (14 февруари) ќе ги добијат парите од годишната камата, пресметана по стапка од 2,7 проценти. Ценовно чувствителната информација е споделена преку Македонска берза.

Право на исплата на главница и на камата имаат лицата чии имиња се евидентирани во книгата на иматели на оваа обврзница во Централниот депозитар за хартии од вредност. И тоа, заклучно со 13 февруари.

„Тргувањето со обврзниците во деновите 12 и 13 февруари 2025 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 365 и 366 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 17 февруари 2025 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена (+)  акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 17 февруари 2025 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, пишува во известувањето од ТТК банка.

Клучни зборови

  • исплата на годишна камата
  • корпоративна обврзница - втора емисија
  • ттк банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk