Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ТТК Банка: Идниот понеделник исплата на годишната камата за корпоративната обврзница

12 сеп. 2023 г.·2 мин читање·1119 прегледи

Следете не на Viber

Годишната камата за корпоративната обврзница од првата емисија ТТК Банка ќе ја исплати идниот понеделник – на 18 септември, по стапка од 3,5 проценти.

Од Банката, преку ценовно чувствителна информација објавена на Берзата, соопштуваат дека се работи за корпоративна обврзница – прва емисија на обврзници со ИСИН MKTTKS200012 и шифра ТТКО.

„Право на исплата на камата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на Корпоративна обврзница-прва емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје заклучно со 17.09.2023 година.

Тргувањето со обврзниците во деновите 14 и 15 септември 2023 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 362 и 363 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 18 и 19 септември 2023 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена  (+) акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на Корпоративната обврзница – прва емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 18 и 19 септември 2023 година, соодветно и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, наведено е во информацијата од ТТК Банка.

 

Клучни зборови

  • камати
  • корпоративната обврзница
  • ТТК банка АД Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk