Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ТТК банка: Годишна камата од 2,7 проценти за корпоративната обврзница од втората емисија

9 фев. 2024 г.·2 мин читање·657 прегледи

Следете не на Viber

На 14 февруари (среда) имателите на корпоративната обврзница ќе ја добијат годишната камата од ТТК банка, пресметана по стапка од 2,7 проценти. Се работи за обврзница од втората емисија со ИСИН MKTTKS200020 и шифра ТТКО2.

Од Банката информираат дека право на исплата имаат лицата кои се регистрирани во книгата на иматели на корпоративна обврзница-втора емисија на издавачот ТТК Банка АД Скопје во Централниот депозитар за хартии од вредност, заклучно со 13 февруари.

„Тргувањето со обврзниците во деновите 12 и 13 февруари 2024 година ќе се реализира со пресметана акумулирана камата за 364 и 365 денови соодветно, при што купувачот при порамнувањето на 14 и 15 февруари 2024 година ќе треба да го уплати износот на чистата цена  +  акумулираната камата на продавачот. При ова, купувачите ќе бидат регистрирани во книгата на иматели на корпоративната обврзница – втора емисија на обврзници во Централниот депозитар за хартии од вредност АД Скопје на 14 и 15 февруари 2024 година, соодветно, и нема да остварат право на исплата на годишната камата“, се вели во објавата на ТТК банка.

Клучни зборови

  • годишна камата
  • корпоративна обврзница - втора емисија
  • ттк банка
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk