Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ТРОШОК ЗА ВОДА, СТРУЈА, ГРЕЕЊЕ и СОБИРАЊЕ ОТПАД… Еве колку плаќаме ние за сметки, а колку другите земји

18 сеп. 2021 г.·3 мин читање·5227 прегледи

Следете не на Viber

Македонија се најде на 49 место на листата земји во светот по висината на трошоците кои граѓаните ги издвојуваат месечно за комуналните и другите услуги кои ги плаќаат. За ова, според најголемата светска база на статистички податоци Numbeo, во земјава се потребни 97 евра. На списокот на кој има ажурирани бројки, од земјите од регионот, Србија е на 32 место, а БиХ се најде на 35 место.

Статистиката подготвена од Numbeo се однесува на цените на услугите како што се електрична енергија, греење, вода, но и собирање ѓубре.

Статистиката ги опфаќа речиси сите земји во светот, а табелата се одредува врз основа на сумата на пари што треба да се распредели за трошоците за живот во стан од 85 квадратни метри.

Она што може да се забележи според објавената табела е дека областа на Европа, барем кога станува збор за просечните цени на основните услуги, е „најскапиот“ дел од светот за живеење.

Според статистиката на Numbeo, Германија е убедливо најскапата земја кога станува збор за просечната цена на основните услуги, па затоа граѓаните на оваа земја плаќаат околу 225 евра за месечни сметки.

Меѓу 10-те најскапи земји, има само две неевропски земји, односно Израел и Хонг Конг. Жителите на овие области издвојуваат 199, односно 198 евра месечно, за основните трошоци.

Во табелата на Numbeo, исто така се вклучени и земјите од регионот.

Според податоците, Србија е 32-та најскапа земја во светот кога станува збор за основните услуги. Во просек, србите треба да издвојат 129 евра за основни услуги во стан од 85 квадратни метри, што е приближно иста сума што мора да ја издвојат граѓаните на Јужна Кореја, Литванија и Босна и Херцеговина.

Кога станува збор за остатокот од регионот, убедливо најскапата земја за живеење е Словенија, која е на петтото место на оваа табела. За основните услуги во оваа земја, граѓаните треба да издвојат речиси 200 евра.

Другите земји во регионот се сместени нешто пониско на листата, па така Хрватска е на 20-то место, а според податоците во оваа земја, 159 евра треба да се издвојат за комунални услуги.

БиХ е на 35 место со трошоци за основни услуги од 124 евра, а „поевтини“ земји во регионот според овие статистики се Македонија (49 место) каде за основни трошоци потребно е да се одвојат 97 евра, Црна Гора (50 место) каде што е потребно да се одвојат 95 евра, и Албанија (63 место), каде што трошоците се околу 70 евра.

„Најевтина“ земја за живеење, барем кога станува збор за регионот, е Косово, каде што граѓаните треба да платат 54 евра за основните услуги.

Интересно е што од северниот сосед Србија, според Numbeo, некои далеку поразвиени европски земји имаат поевтини месечни трошоци, како што е на пример Шпанија, чии граѓани плаќаат 114, и Португалија со 101 евро месечни трошоци.

 

Клучни зборови

  • вода
  • греење
  • Отпад
  • сметки
  • статистика
  • струја
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk