Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Трошоци на живот: Зејтинот поскапел за 30,8 отсто, бензините за 17,6 проценти за една година

7 јул. 2021 г.·3 мин читање·2026 прегледи

Следете не на Viber

Индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на јуни 2020 година, бележи зголемување од 2.7 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 4.0 %, објави Државниот завод за статистика.

Еве кои ставки од трошоците за живот најмногу поскапеле за една година, односно колку чинеле во јуни лани, споредено со јуни 2021 година:

  • течни горива (нафта за домаќинствата)                                                  55,4%
  • масла и масти (зејтин, путер)                                                                 30,8%
  • услуги и сместувања                                                                              26,7%
  • горива и мазива за сопствени превозни средства(бензин, дизел)             17,6%
  • информатичка опрема за обработка на податоци(компјутери, софтвер)   12,4%

Инаку, според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на трошоците на животот во јуни 2021 година, во однос на претходниот месец, изнесува 100.5, а индексот на цените на мало изнесува 100.9.

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 15.7 %, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0.8 %, маслото и маснотиите, прехранбените производи, неспоменати на друго место за 0.7 %, рибата и морските плодови за 0.6 %, месото, млекото, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 0.3 %, виното, пивото за 0.2 %.

Во јуни, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот, е забележан и кај  воздухопловниот патнички транспорт за 27.8 %, услугите за сместување за 4.6 %, медиумите за снимање за 4.4 %, другите печатени материјали за 2.5 %,  течните горива за домаќинствата за 2.1 %, книгите за 1.7 %, терапевтските помагала и опремата за 1.1 %, ткаенините за изработка на облека, големите алатки и опрема, рестораните, кафулињата и слично, другите апарати и производи за лична хигиена  за 0.6 %, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за  0.5 %, другите услуги поврзани со живеалиштето, неспоменати на друго место за 0.4 %, горивата и мазивата за сопствените превозни средства, другите услуги за опремата за сопствен превоз, информатичката опрема за обработка на податоците за 0.3 %, обувките, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето, туристичките аранжмани за 0.2 %.

Намалување на индексите на трошоците на животот во јуни 2021 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирите и другите коренести плодови за 10.5 %, јајцата за 0.7 % и оризот за 0.2 %.

Исто така, намалување на индексите на трошоците на животот е забележано и кај собирањето на отпадните води за 3.7 %, гасот за домаќинствата за 2.6 %, електричните апарати за лична хигиена за 1.4 %, малите апарати за домаќинствата за 1.2 %, градините, растенијата и цвеќињата за 0.8 %, домашните миленици и сродните производи за 0.4 %, големите апарати за домаќинствата, моторните возила за 0.2 %.

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • јуни 2021
  • течни горива
  • Трошоци на живот
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk