Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Личен Развој

ЗЕМЈА ИМА, НО ПАК НЕМАМЕ ДОВОЛНО ЖИТО ЗА ДА ИМАМЕ 100% македонски леб

22 дек. 2024 г.·2 мин читање·3945 прегледи

Следете не на Viber

Во новата епизода на поткастот „Каде се парите?“ со Горан Теменугов, каде што гостува министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, може да се слушне како недостигот на големи поврзани површини влијаат на инвестициите во земјоделството. Ќе дознаете и какви се плановите на Владата за поддршка на стратешките култури како пченицата, и како тоа може да го промени негативниот тренд на увоз и да ја зголеми домашната продукција на храна. Според податоците, и по 1,5 милијарда евра дадени субвенции за земјоделците, ние не можеме да обезбедиме пченица за да произведеме 100% македонски леб.

„Имаме ресурс – земјиштето е тука, но предизвикот е како да ги вратиме земјоделците на обработливите површини“, вели Трипуновски.

„Е сега, ако се задржиме да ја зголемиме продукцијата на храна, ние во моментот имаме доволно расположливо земјиште, но многу малку од тоа се обработува. Еве, ќе ја земам пченицата како стратешка култура, или една од најважните, најбитните во делот на земјоделското производство. Ние имаме голема површина, Горан, којашто ја имаме како држава, меѓутоа падот на производство на пченица ни е драстично опаднат. Ако пред 10-тина година сме имале и сме произведувале на над 80 илјади хектари од оваа стратешка култура, сме имале доволна количина за да задоволиме сопствени потреби – и во делот на сточарството, оти дел од таа пченица се користи за исхрана на стоката, и во најголем дел или речиси се, во мелничко-пекарската индустрија. И сега 10-тина години подоцна, ние имаме преполовен принос и земјоделски површини кои не се обработуваат. Значи како ресурс, земјиштето ние го имаме, категоријата земјоделци којашто постоела веќе е некако преполовена и сега нашата стратегија е како да ги вратиме земјоделците на површините.“

Клучни зборови

  • Горан Теменугов
  • каде се парите
  • Цветан Трипуновски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk