Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Триглав Зелена Лига vol. 2 – ново поглавје во заедничката мисија за позитивна промена

2 јун. 2025 г.·3 мин читање·942 прегледи

Следете не на Viber

Поттикнати од интересот и ангажманот на вработените и клиентите во првиот циклус на иницијативата, како и од потребата за континуирана промена на секојдневните навики во насока на поздрава и поодржлива иднина, со гордост го најавуваме почетокот на Триглав Зелена Лига vol. 2.

Проектот, кој што Триглав Осигурување го реализира во партнерство со Challenger, оваа година добива нова, проширена димензија. Покрај главната цел – заштеда од 365 тони CO₂ преку замена на автомобилите со пешачење и возење велосипед – лигата сега вклучува и 12 месечни предизвици, кои што се фокусираат на здравјето, благосостојбата, личниот развој и општествената одговорност.

Нашата мотивација е едноставна – промената е неизбежна, важна и почнува од сите нас, затоа, ги повикавме нашите корпоративни клиенти, корисници на доброволно здравствено осигурување, да се приклучат со своите вработени во предизвикот, да бидат дел од заедничката мисија и преку мали секојдневни промени, да направиме голема разлика – и за себе и за околината. Со тоа, сите ние добиваме можност да придонесеме кон ESG целите на нашите компании, да изградиме тимски дух и култура на одговорно однесување и да бидеме инспирација за другите.

„Триглав Зелена Лига vol. 2 е вистинска заедничка платформа за позитивни навики, здрава конкуренција и одржливи вредности. Бидејќи, кога компаниите ја ставаат заедницата во срцето на своите иницијативи, настануваат вистински трансформации. Преку овој проект покажуваме како една идеја може да прерасне во движење, што ги поврзува луѓето со заедничка цел – поздрави навики и почиста планета. Нашата визија е јасна – да бидеме дел од решението, а не од проблемот. Затоа, оваа иницијатива ја гледаме како начин да ги поддржиме нашите вработени, клиентите и пошироката заедница во градењето на посигурна иднина за сите нас. Им благодарам на вработените и на сите наши клиенти, кои што ни се приклучија уште на самиот почеток и искрено им посакувам што подобри резултати“, – изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Триглав Зелена Лига, веќе во својата втора сезона, се етаблира како препознатлив проект, што преку реална акција и заедничка цел, обединува компании, вработени и партнери. Проектот e доказ дека корпоративниот сектор може и треба да биде носител на промени.

“Како дел од тимот, што стои зад Триглав Зелена Лига, со голема радост ја започнуваме втората сезона – со нови предизвици и уште поголемо општествено влијание. Веруваме дека преку новата апликација Challenger@work ќе ја поттикнеме одржливата мобилност, ќе изградиме поздрави навики и ќе создадеме заедница, што активно придонесува кон подобро и поодржливо утре. Овој проект не е само натпревар, туку иницијатива што инспирира промена, поттикнува одговорно однесување и гради култура на здрав и еколошки начин на живот”, – дополни Олга Рајчиќ, ко-основач на Challenger.

Повеќе информации за проектот, како и преглед на учесниците во предизвикот можат да се видат на линкот ТриглавЗеленаЛига.

Клучни зборови

  • Триглав зелена лига
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk