Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Осигурување

Триглав Осигурување со нова услуга за своите клиенти на доброволно приватно здравствено осигурување

1 апр. 2024 г.·3 мин читање·1026 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување, на 1-ви април, 2024-та година воведува нова услуга за своите клиенти на доброволно приватно здравствено осигурување – онлајн пријава на осигурен случај преку OneID. Ова решение на клиентите ќе им овозможи на едноставен, брз и безбеден начин да поднесат онлајн пријава за надомест на трошоци по здравствено осигурување.  

Клиентите, платформата за пријава на осигурен случај ќе можат да ја користат кога имаат потреба од рефундација или гаранција на средства за медицински услуги, за коишто имаат покритие согласно склучениот договор за осигурување. За пријава на осигурен случај онлајн, потребно е да имаат креиран кориснички профил на апликацијата OneID, кој што овозможува нивна лична електронска идентификација. Електронската идентификација е најсовремено дигитално решение, со високо ниво на доверливост, со кое што корисниците на апликацијата можат да се идентификуваат и дигитално да потпишуваат документи со својот електронски потпис. Трошоците за креирање и користење на овој профил за потребите на пријава на осигурен случај во потполност ги покрива Триглав Осигурување. OneID профилот клиентите можат да го креираат на својот мобилен уред, со преземање на мобилната апликација OneID*.

Процесот на пријава е исклучително едноставен, овозможува брзо и безбедно поднесување на онлајн пријава за надомест на трошоци, а им нуди на клиентите увид во процесот на решавање на барањето, како и документацијата што ја потпишале и поднеле.

“Во денешниот дигитален пејзаж, кој што се развива со неверојатна динамика, посветени сме на искористување на моќта на технологијата, за да обезбедиме исклучително корисничко искуство. Развиваме и користиме дигитални решенија за да понудиме непречен пристап до нашите услуги, поставувајќи ги сигурноста и корисничката поддршка на дофат на клиентите. Онлајн пријавата на осигурен случај преку OneID за нашите клиенти на доброволно

здравствено осигурување е исклучително иновативно, но воедно и едноставно решение, кое носи придобивки за обете страни, за клиентите, кои од удобноста на својот дом можат да побараат надомест за трошоци безбедно и брзо, но и за нас, затоа што ова решение значајно ги оптимизира, т.е. ги поедноставува и подобрува процесите на управување со пријавите. Дополнително, ова решение нуди транспарентност на процесот на пријава за надомест на трошоци и веруваме дека ќе им помогне на клиентите полесно да се справат со потешкотиите, со кои што се соочуваат во овие моменти”, изјави во оваа прилика главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ.

Клиентите ќе можат да пристапат до платформата за онлајн пријава на осигурен случај за доброволно здравствено осигурување на следниот линк.

Повеќе информации за услугата можат да се обезбедат тука.

Клучни зборови

  • Ѓорѓе Војновиќ
  • Триглав осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk