Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Триглав Осигурување ја менува локацијата на своето седиште во Скопје

29 дек. 2025 г.·2 мин читање·708 прегледи

Следете не на Viber

Триглав Осигурување АД, Скопје со задоволство објавува дека од денес, 29 декември, 2025 година продолжува со работа во нови, современи простории, на бул. 3-та Македонска Бригада бр. 36, комплекс Порта Супериум.

Овој чекор произлегува од долгорочната стратегија на компанијата за стабилно и одржливо работење, унапредување на деловните процеси и обезбедување на современи, достапни и ефикасни услуги, прилагодени на потребите на клиентите и пазарните услови.

“Новиот деловен објект овозможува  современи услови за работа, функционална организација на просторот и соодветна достапност за клиентите и деловните партнери, сè со цел да обезбедиме уште подобро корисничко искуство. Притоа, ги задржуваме високите стандарди на професионалност, сигурност и доверба, по кои што сме препознатливи”, изјави Ѓорѓе Војновиќ, Главен извршен директор на Триглав Осигурување.

Тековното работење на компанијата продолжува континуирано, при што сите услуги, контакти и канали за комуникација остануваат непроменети.

Со изборот на новото седиште, Триглав Осигурување демонстрира јасна визија за иднината – визија, која што се темели на стабилност, функционалност и ориентираност кон клиентите.

Новата локација на Триглав е на следниот линк: https://maps.app.goo.gl/qyCs3tDGWeo1WKuM6 

Клучни зборови

  • Триглав осигурување
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk