Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Костовски бара оставка од Антикорупциска зашто не отвориле случај за „Еуростандард банка“

13 мар. 2021 г.·2 мин читање·1229 прегледи

Следете не на Viber

-Изминаа точно седум месеци од носењето во стечај на Еуростандард банка. Не можам да разберам да со таква леснотија ги маргинализирате моите повици дека се работи за организиран криминал со носењето на Еуростандард банка во стечај, каде се оштетени многу правни и физички лица, вклучително и ние акционерите. Вие како тело задолжено да се занимавате со вакви проблеми, па дури и како повод може да биде допрен глас, до денес не отворивте ниту предмет, ниту покажавте интерес за решавање или следење на овој мега скандал кој порано или покасно ќе пукне, наведува Костовски.

Додава дека местото на Антикорупциска е точно на браникот да ја преземе истрагата и да застане во одбрана на сите оштетени од овој стечај.

Според него, молкот од страна на Антикорупциска го сфаќа како аминување на организираниот криминал.

-Не заборавајте, вие сте платени со наши пари и должни сте да го браните нашиот интерес. Сервилноста на политичките структури не е во ваш интерес, а уште помалку во интерес на граѓаните. Ако не умеете да се справите со овој предизвик, тогаш јас барам оставка од сите членови на Антикорупциската Комисија, порачува Костовски

Во дописот до медиумите наведува дека чувството дека Народна банка е недопирлива е страшно.

– Гоните организиран криминал и корупција, а ги заобиколувате институциите кои во основа се центар на ова општествено зло, вели Костовски.

Утрово соопштение до медиумите доставија и од Здружението на оштетени штедачи, наведувајќи пирмер за земен кредит, како што велат тие, на вересија.

Такви случаи, според нив, во ограбената Еуростандард банка има многу. -Интересни имиња, некои познати ликови, шоумени, бизнисмени, аналитичари, адвокати, браќа и сестри на високи функционери во државава, разни манипулатори и измамници. Имаме што да кажеме и да покажеме, велат од Здружението.

Клучни зборови

  • Антикорупциска комисија
  • Еуростандард банка АД Скопје
  • трифун костовски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk