Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

ТРИ БАНКАРСКИ МЕЃУ ПЕТТЕ АКЦИИ СО НАЈГОЛЕМ РАСТ на вредноста

18 јан. 2025 г.·3 мин читање·4594 прегледи

Следете не на Viber

Најголемо позитивно движење кај цената во текот на минатата година е забележано кај акцијата на Стопанска банка Скопје. Меѓу хартиите од вредност со највисок раст се уште две банкарски. Листата на акциите со најголем пад во 2024 ја предводи „Либерти“.

За една година акцијата на Стопанска банка Скопје ја зголемила вредноста за високи 125,64 проценти. На 28 декември 2023 имала просечна цена од 1.317,78, а на 30 декември 2024 – 2.973,47 денари.

Најтргуваната акција на официјалниот пазар е втора според годишниот раст од 99,91 насто. Акцијата на Комерцијална банка ја заврши минатата година со просечна вредност од 28.440,34 денари (14.226,83 денари на крајот од 2023).

Во големата банкарска тројка е и НЛБ Банка, чија акција е трета со просечната цена од 56.162,27 денари и со зголемувањето од 90,13 проценти. Претходното ниво беше 29.539,32 денари.

Листата продолжува со акцијата на „Реплек“ и позитивната промена од 78,48 проценти, по која просекот за 2024 е во износ од 16.598,33 денари. Лани во јули компанијата направи поделба на обичните акциии и намалување на номиналниот износ во сооднос 1:10, и како што посочуваат од Македонска берза, прикажаната споредбена цена за 2023 од 9.300 денари е прилагодена со тоа.

Интересот на инвеститорите и интензивните активности во тргувањето и ги кренаа „акциите“ на акцијата издадена од „Македонијатурист“. Од 4.774,12 денари (28.12.2023) на просечните 8.450 денари (30.12.2024). Разликата е претставена со раст од 77 проценти.

Статистиката на Македонска берза ги рангира и акциите со најголем минусен предзнак. Со негативни 65,22 отсто прва е акцијата на скопски „Либерти“. На крајот од 2023 чинела просечни 46, а една година подоцна 16 денари.

На втората и третата позиција се акциите на двете струмички целни друштва „Герас Цунев конфекција“ и „Герас Цунев трговија“, со падот од 38 отсто регистриран уште во октомври. Просечната вредност се спушти од 500 на 310 денари. Тоа се случи откако „Тотал инженеринг“ на Вице Заев, кој веќе е единствен сопственик, ја објави намерата за нивно преземање по цена од 310 денари за акција.

Приоритетната акција на „Скопски пазар“ е на четвртото место со намалувањето на вредноста за 29,39 отсто. Изнесува 4.000 денари, за разлика од крајот на 2023 кога чинела просечни 5.665 денари.

Годишната листа на петте акции со најголем пад се заокружува со „Лотарија на Македонија“. Акцијата која на 28 декември 2023 вредела 180 денари, на 30 декември 2024 е 150 денари. Тие 30 денари помалку се изразени со минусот од 16,67 проценти.

Клучни зборови

  • акции со најголем пад
  • акции со најголем раст
  • берза билтен 2024
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk