Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

БерзаЛичен Развој

Тргување со акции без провизии: Петок 13 – Инвеститорски ден на Берзата

4 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1337 прегледи

Следете не на Viber

По петти пат, веќе традиционално и на ист датум – 13 септември, ќе се одржи Инвеститорски ден во организација на Македонската берза. Идниот петок граѓаните повторно ќе имаат можност да тргуваат со акции, ослободени од дополнителните трошоци кои вообичаено се наплатуваат за берзанските трансакции.

Целта е да се анимираат граѓаните како индивидуални инвеститори на пазарот на хартии од вредност. Да се зголеми нивото на знаење за финансиските инструменти, да се подобри инвестициската култура и да се поттикне интересот за вложување во акции издадени од домашните компании.

„Одржувањето на Инвеститорскиот ден значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Поконкретно, на Инвеститорскиот ден сите домашни физички лица ќе можат да купат или продадат кои било акции без да ги платат провизиите кон Берзата, ЦДХВ и овластените пазарни учесници (банки и брокерски куќи) што се вклучени во оваа иницијатива“, информираат од Македонска берза.

Условите предвидуваат инвеститорите да склучат трансакции со акции преку БЕСТ системот, со посредство на некоја од членките на Берзата. Износот на остварениот дневен промет по индивидуален инвеститор е лимитиран до максимум 10.000 евра, независно од бројот на берзанските трансакции кои, пак, мора да одат преку клиентска, односно сопственичка сметка. Притоа, граѓаните можат да ги користат услугите на „Еурохаус“ АД Скопје, „Илирика Инвестментс“ АД Скопје, „Инвестброкер“ АД Скопје, „Иново Брокер“ АД Скопје, Комерцијална банка АД Скопје, НЛБ Банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје, ТТК банка АД Скопје, „Фершпед брокер“ АД Скопје, Шпаркасе Банка АД Скопје.

Освен овие десет членки на Берзата, оваа иницијативата е прифатена и во неа активно е вклучен и Централниот депозитар за хартии од вредност, а поддршка има и од Комисијата за хартии од вредност.

Клучни зборови

  • 13 септември
  • Инвеститорски ден
  • Македонска берза
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk