Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Трговскиот дефицит 2,82 милијарди евра, минимален раст на извозот во 2023

8 фев. 2024 г.·2 мин читање·1038 прегледи

Следете не на Viber

Трговски дефицит од 173.930.885 илјади денари или 2,82 милијарди евра е салдото од извозно-увозните активности реализирани минатата година. Од јануари – декември 2023 година покриеноста на увозот со извоз е 74,7 проценти.

Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија, во периодот јануари – декември 2023 изнесува 512.368.615 илјади денари и бележи пораст од 0,2% во однос на истиот период од 2022 година. Вредноста на увезената стока е 686.299.500 илјади денари, што е за 8,1% помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, деловите на седишта од подгрупата 821.1 и други катализатори на носачи. Во увозот најмногу се застапени нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав, платината и легурите на платина, необработени или во прав и други моторни возила за превоз на лица.

Во текот на минатата година, според вкупниот обем на надворешнотрговската размена, државата најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Грција, Кина и Србија.

Изразено во евра, вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија изнесува 8.322.815 илјади евра и бележи пораст од 0,3% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока, пак, е 11.148.538 илјади евра, што е помалку за 8,1%.  Трговскиот дефицит изнесува 2.825.723 илјади евра.

Вкупната вредност на извозот на стоки изнесува 8.996.952 илјади САД долари и бележи пораст од 3,1% во однос на истиот период од претходната година. Вредноста на увeзената стока е 12.053.456 илјади САД долари, што е за 5,5% помалку во однос на споредбениот период. Трговскиот дефицит е во износ од 3.056.504 илјади САД долари, наведено е во соопштението од Државниот завод за статистика.

 

Клучни зборови

  • Државен завод за статистика
  • Извоз
  • трговски дефицит
  • увоз
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk