Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Трговците сѐ повеќе прифаќаат, граѓаните сѐ повеќе плаќаат со картички

2 апр. 2024 г.·3 мин читање·778 прегледи

Следете не на Viber

Плаќањата со картички стануваат секојдневна навика на граѓаните. Зголемена е нивната употреба за  проценти, со што расте и вредноста на извршените трансакции – за 17 насто. Трендот на раст е постојано присутен, а на тоа укажуваат и податоците за минатата и актуелните од годинава, што ги објави Народната банка.

„Во 2023 и 2024 година се зголемува употребата на платежните картички од страна на граѓаните за извршување на плаќањата во трговијата во земјата, што се согледува преку засилениот годишен раст на бројот и вредноста на плаќањата за 18% и 17%, соодветно“, посочуваат од Народната банка.

Воедно, се наведува дека бројот и вредноста на плаќањата што граѓаните ги прават со кредитни трансфери, односно со платни налози, забележуваат годишен раст од пет и од 12 проценти.

„Иако плаќањата со кредитни трансфери сѐ уште најмногу се вршат на шалтерите на банките (71%), податоците за изминатата година ја потврдуваат и сѐ почестата употреба на дигиталните канали, со годишен раст од 16% кај бројот и 19% кај вредноста на плаќањата иницирани електронски. Притоа, граѓаните сѐ почесто ги употребуваат мобилните апликации за извршување на плаќањата коишто забележаа раст од 22% кај бројот и 30% кај вредноста“.

Податоците на македонската централна банка покажуваат дека на крајот од минатата година во оптек биле 1,9 милиони платежни картички. Од нив 76 отсто се засновани на бесконтактна технологија.

„Инфраструктурата за прифаќање плаќања со платежни картички, пак, брои 32.198 уреди на физичките места на продажба, кај 15.804 трговци во земјата, од кои дури 95% ја поддржуваат бесконтактната технологија. Бројот на картички со бесконтактна технологија и уредите на физичките места на продажба коишто ја поддржуваат оваа технологија забележа годишен раст (во споредба со 2022 година) од 0,5%, односно 18%. Годишен раст од 6% во однос на 2022 година е забележан и кај бројот на трговците коишто прифаќаат платежни картички при продажба на стоки и услуги на физичките места на продажба во земјата“.

За плаќањата со платежните картички, според податоците за 2023, трговците плаќале просечен надомест од 1,12 отсто од вредноста на прометот. Тоа е за 0,01 процентен поен помалку во однос на 2022 година. Најголемо намалување на надоместот, од по 0,08 процентни поени, е забележано кај плаќањата во дејностите информатичка технологија и бела техника и кај услугите на државните институции, додека на бензинските станици – 0,06 процентни поени.

 

Клучни зборови

  • вредност на плаќања
  • Народна банка
  • Платежни картички
  • плаќања во трговија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk