„Пари“ ги стави под лупа огласите и платите: Ќе се најдат ли продавачи?
Од 7.391 слободно работно место, дури 4.318 се во трговијата, покажува анализата на Агенцијата за вработување. Трговците се во постојана потрага по вработени. Во медиумите се повеќе пласираат вести дека нудат бонуси и мотивации за вработените. Но, што всушност се случува во пракса?
Според податоците од Државниот завод за статистика, во секторот „Трговија на мало, освен трговија со моторни возила и мотоцикли“ просечната плата во 2022 година изнесувала 26.324 денари и е за 14,9 проценти поголема од просекот во 2021 година. Според искуствата на вработените, но и според огласите, едно работно место обично опфаќа повеќе работни позиции (на пример, касиер, примач, одржувач на хигиена, да реди производи), се бара работење во смени и работа во сабота, а во големите трговски центри и во недела. Работодавачите, пак, во огласите за вработув…