Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Едукација

Трговците – правни или физички лица?

14 мај 2020 г.·2 мин читање·204 прегледи

Следете не на Viber

Трговците се учесници во трговскиот промет и тие можат да учествуваат на пазарот и да вршат стопанска дејност како:

  • Индивидуални трговци – најчесто тоа се физички лица – трговци организирани како трговци поединци (ТП);
  • Трговски друштва – здружување на две или повеќе физички или правни лица. Трговските друштва секогаш настапуваат како правни лица.

Трговците може да бидат правни или физички лица кои самостојно трајно вршат одредена дејност како што е:

  • купување на подвижни предмети со цел продавање во првобитен облик или нивна преработка и обработка во друг вид;
  • тргување на пазарот со хартии од вредност, банкарски и финансиски дејности, менувачки работи и дејности на осигурување;
  • шпедиција, превоз на луѓе и стоки, услужни дејности;
  • производство на одредени производи;
  • издавачки дејности;
  • купување, изградба и уредување на недвижности со цел продажба и/или изнајмување.

Според тоа, трговец претставува секое правно или физичко лице кое се занимава со  одреден вид стопанска дејност на свој ризик, за своја сметка и во свое име.

Како исклучок од ова правило, за трговци не се сметаат физичките лица кои се занимаваат со земјоделство (земјоделци) и физички лица кои се занимаваат со слободни занимања (уметници, писатели, адвокати, нотари, извршители и слично).

Клучни зборови

  • компании
  • правни лица
  • трговски друштва
  • трговци
  • трговци поединци
  • физички лица
  • фирми
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk