Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Трендафилов: Со грижата за вработените и нивната благосостојба, САСА е пример кој треба да го следат и останатите компании од домашната индустрија

2 ное. 2023 г.·3 мин читање·1074 прегледи

Следете не на Viber

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, придружуван од претседателот на гранскиот синдикат на индустријата, енергетиката и рударството (СИЕР), Игор Ѓерасов и од претседателот на синдикалната организација на САСА која е дел од СИЕР, Драган Миленковски, беше во посета на рудникот за олово и цинк САСА. Ова  е прва посета на Трендафилов на САСА, по неговиот избор за претседателот на ССМ.

Во текот на посетата, синдикалните лидери имаа можност да се запознаат со работата на САСА, вклучително и со капиталните инвестициски проекти кои треба да овозможат натамошен одржлив развој на рудникот, како и со ефектите од досегашните вложувањата во целокупна модернизација на производството, во безбедноста и условите за работа, во професионалниот развој и благосостојба на вработените, како и во други области. Во оваа прилика, претседателот на ССМ, на сите во САСА, им ја честиташе освоената национална награда за најдобро имплементиран систем за безбедност и здравје при работa за 2023 година, потенцирајќи дека тоа е пример и за останатите компании за тоа како треба да се води грижа за вработените и за нивната благосостојба.

На состанокот со претставниците на менаџерскиот тим на САСА, предводени од генералниот директор Кристофер Колбурн, беше разговарано и за статусот на колективниот договор на ниво на Рудник САСА, како и за потребата од утврдување на акционен план за неговото редовно обновување. При посетата беа разгледани и можностите за ново усогласување на платите на вработените во САСА со движењата на цените и трошоците за живот. Заеднички беше констатирано дека со досегашните зголемувања на платите кои беа реализирани во текот на изминатите шест години од влезот на компанијата Централ Азија Металс во САСА, како и со двете последни што се случија во 2022 и на почетокот на оваа година, САСА успеа да обезбеди ниво на плати кои се околу 60% повисоки од просечната плата во земјата и со тоа да ја обезбеди социјална сигурност и благосостојбата на своите вработени.

На средбата беше особено нагласен позитивниот социјален дијалог помеѓу синдикатот и раководството на САСА и беше договорено тој да продолжи, водејќи сметка за интересите на вработените и на потребите за натамошен одржлив развој на САСА што ќе донесе придобивки и сигурна иднина за сите.

Клучни зборови

  • Игор Ѓерасов
  • Саса
  • СИЕР
  • Слободан Трендафилов
  • ССМ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk