Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ТРАМП ЈА ОТВОРИ ВРАТАТА: Нвидиа повторно ќе продава напредни чипови во Кина

9 дек. 2025 г.·3 мин читање·846 прегледи

Следете не на Viber

Вашингтон направи остар пресврт во однос на досегашната политика за ограничување на напредната кинеска технологија, откако американскиот претседател Доналд Трамп одобри продажба на чипот H200 на „Нвидиа“ на одредени клиенти во Кина. Одлуката, која доаѓа по долги месеци лобирање од извршниот директор на компанијата Јенсен Хуанг, претставува значајно олеснување на извозните контроли воведени за време на администрацијата на Џо Бајден.

Трамп соопшти дека го информирал кинескиот претседател Си Џинпинг за новата политика, според која 25 проценти од приходите од продажбата на чиповите ќе одат во американскиот буџет. Тој тврди дека мерката ќе создаде работни места во САД, ќе го зајакне домашното производство и ќе ја заштити националната безбедност, истовремено дозволувајќи на американските компании како „Нвидиа“, AMD и Intel повторно да се натпреваруваат на огромниот кинески пазар.

„Нвидиа“ го поздрави потегот, оценувајќи дека постигнува „внимателна рамнотежа“ меѓу индустрискиот развој и безбедносните барања. Компанијата нагласува дека H200, иако не е најнапредниот нивни чип, е дури шест пати помоќен од претходната генерација и останува значаен ресурс за глобалниот развој на вештачката интелигенција. Акциите на фирмата пораснаа веднаш по најавата.

Одлуката доаѓа во период кога Пекинг активно ги поттикнува домашните технолошки компании да ја намалат зависноста од американскиот хардвер и да инвестираат во сопствено производство. Во последните месеци Кина дури нареди ограничување на купувањето на постарите чипови на „Нвидија“, одговор на претходните забрани од Вашингтон.

Иако Трамп ја претставува мерката како економска победа, критичарите предупредуваат дека отворањето на пристапот до напредни полупроводници може да има последици суштински поврзани со националната безбедност. Демократската сенаторка Елизабет Ворен ја обвини администрацијата дека „ја продава безбедноста на САД“, потсетувајќи дека Министерството за правда претходно открило нелегално шверцување на американски чипови кон Кина. Аналитичари од повеќе тинк-тенкови предупредуваат дека олабавувањето на контролите може да ги забрза кинеските развојни капацитети во воената и комерцијалната вештачка интелигенција.

Сепак, други експерти сметаат дека блокирањето на кинескиот технолошки напредок станало нереално и дека фокусот се префрлува кон економско натпреварување за глобален пазарен удел. Според нив, ограничената продажба на H200 може да ѝ купи време на американската страна за преговори со Пекинг за ретките метали – област во која Кина има речиси монопол и која е клучна за светското производство на електроника.

Во вакви околности, трката за доминација во вештачката интелигенција меѓу САД и Кина сè повеќе се насочува од забрани и санкции кон пазарна конкуренција, со потенцијал да ја забрза иновацијата од двете страни на Пацификот.

Клучни зборови

  • Вашингтон
  • нвидиа
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk