Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Трамп го прекина финансирањето на Светската здравствена организација

15 апр. 2020 г.·2 мин читање·62 прегледи

Следете не на Viber

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека им наредил на членовите на администрацијата да го суспендираа уплаќањето на својот удел во буџетот на Светската здравствена организација (СЗО – WHO) заради начинот на кој таа раководеше со пандемијата на коронавирусот.

„Денеска ѝ порачав на администрацијата да ги запре придонесите во СОЗ, до спроведувањето на процената за улогата на организацијата во лошото управување и криењето (податоци) за ширењето на коронавирусот“, рече Трамп.

„Сите знаат што се случи. Американските даночни обврзнции плаќаа 400 до 500 милиони американски долари годинишно во буџетот на СЗО. Споредбено, Кина плаќа 40 милиони долари“, додаде Трамп.

Како што и претходно обвини американскиот претседател, СЗО не ги давала навремено информациите, а исто така не ја изнела вистината за новиот тип коронавирус и неговото ширење пред светската јавност.

Првиот месец, годинава, СЗО испрати соопштение дека „прелиминарните истраги спроведени од кинеските власти не најдоа јасни докази за пренос на вирусот од човек на човек“.

Нејзиниот челник Тедрос Аденом Гебрејесус  ја пофали Кина за брзото мапирање на генот на вирусот и „транспарентноста на нејзината влада“, а во февруари истакна дека Кина прва презела мерки со што целиот свет добил „шанса да се бори“ за да го запре ширењето на коронавирусот“.

Сепак, Генералниот директор на СЗО Тедрос Адханом Гебрејесус изјави дека се надева дека САД ќе продолжат да ја финансираат оваа агенцина ОН, која го предводи глобалниот одговор на пандемијата на коронавирусот, и покрај критиките од американскиот претседател.

Клучни зборови

  • Генералниот директор
  • Доналд Трамп
  • Светската здравствена организација
  • Тедрос Адханом Гебрејесус
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk