Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Трајко Славески за гувернер на Народната банка?

21 мај 2025 г.·2 мин читање·4191 прегледи

Следете не на Viber

Професорот Трајко Славески за гувернер на Народната банка – е изборот на претседателката Гордана Силјановска Давкова, неофицијално брифираат изворите на Пари. А, неговото име и најмногу се споменуваше како потенцијален челник на централната банка.

Пари го контактираше Славески, но тој ниту ја потврди ниту ја негираше информацијата. Посочи дека треба да се чека на конечна потврда во Собранието пред официјално да се даде било каква информација.

Славески е актуелен претседател на Советотот на Град Скопје. Зад себе има богата академска и политичка кариера. Редовен професор е на Економскиот факултет при УКИМ, каде што и самиот ги минал сите скалила од додипломските студии до докторат. Јавноста го памети и како министер за финансии. Меѓутоа, на јавната сцена најмногу се истакнува во учеството на економските дебати, како експерт чии погледи и ставови имаат реална основа и тежина.

Славески е долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ и има учествувано во изработката на програмските документи на партијата.

Мандатот на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска завршува денес, но според законските одредби, фунцијата ќе ја извршува до изборот на новиот гувернер. Нејзината работа во изминатите седум години е оценета како особено успешна.

ТРАЈКО СЛАВЕСКИ ВО ФОКУСОТ: Кој е професорот што може да ја води Народната банка?

Клучни зборови

  • гувернер
  • избор
  • Народна банка
  • Трајко Славески
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk