Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Традиционалната македонска храна и нотите на Дуке Бојаџиев – инспирација за третото издание на „Трајни културни вредности“

12 дек. 2024 г.·3 мин читање·1349 прегледи

Следете не на Viber

Традиционалната македонска храна, доловена преку уметнички дела и текстуални приказни, како и традиционалната музика во изведба на нашиот реномиран уметник Дуке Бојаџиев, беа во фокусот на овогодишниот настан „Трајни културни вредности“, во организација на Халкбанк. Во прекрасниот амбиент на Чифте амам во Старата скопска чаршија, присутните имаа можност да се впуштат на мало патување во традицијата и наследството, преку допир до сите сетила. 

 Уште од самиот влез, гостите беа пречекани со слатко и локум од девојки облечени во народни носии, како потсетник на македонското гостопримство. Во просториите на Чифте амам беа поставени традиционални трпези кои изобилуваа со вкусови и бои од сите краишта на Македонија, како и уметничките дела, инспирани од македонската храна. Настанот беше одбележан и со музичкиот перформанс на Дуке Бојаџиев и неговите пријатели, но и со промоцијата на уметничката книга  „Патување низ гастрономското наследство“, инспирирана од рецептите од сите македонски предели.

„Со проектот „Трајни културни вредности“, започнат од пред две години, ја истакнуваме нашата посветеност кон зачувување и промоција на културното наследство на Македонија. Оваа година, нашиот фокус беше во тоа да ја презентираме богатата традиција поврзана со нашата храна, преку уметност, дегустација, но и преку продукција на исклучително вредно дело – книгата „Патување низ гастрономското наследство“, полна со ретки рецепти, собрани од сите региони во земјата, и со уметнички илустрации создадени од 5 реномирани македонски илустратори. Преку овој проект, Халкбанк продолжува да создава вредности кои ги обединуваат минатото и сегашноста“, изјави Маја Наумовска Савеска, директор на корпоративни и маркетинг комуникации во Халкбанк АД Скопје.

Инаку, во изложбениот простор на Чифте амам беа поставени вкупно  18 графики од шест македонски уметници, мотивирани од вкусовите и специфичниот сензибилитет на македонската кујна.

За подготовката и презентацијата на храната, поставена на 4 тематски трпези, беа задолжени тимот на FJ Culinary School.

А, музичкиот перформанс кој се водеше по нотите и поезијата произлезени од нашето македонско културно наследство, беше во изведба на Дуке заедно со неговите гости – Габриела Новевска, Владимир Крстев и Наташа Петровиќ.

Целиот амбиент создаде неверојатна синергија помеѓу звукот, вкусот и визуелните уметности, пренесувајќи многу емоции и неверојатно доживување на присутните.

„Трајни културни вредности“ е иницијатива на Халкбанк АД Сkопје која што ја слави македонската култура и традиција преку уметност, храна и музика.

Клучни зборови

  • Халкбанк АД Сkопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk