Tопло ладно е чувството на инвеститорите оваа година, кога на берзите играат мечката и бикот како ќе им дојде, барем ако се суди по првите четири месеци. Под најголемо влијание на расположението, вокабуларот и мерките на американскиот претседател Доналд Трамп, но и како последица на геополитичките и воени случувања, цените на берзите низ светот одат нагоре надолу и се уште не се знае кој пат ќе го фатат во следниот период. А, како стојат работите во регионот?
После рекордите што ги срушија берзанските индекси во земјите од регионот во 2024 година, во кои македонскиот МБИ10 беше вистински шампион, анализираме што се случува на берзите во Адриа регионот во првите 4 месеци од оваа година.
Изгледа дека инвеститорите не се мирни, ниту рамнодушни затоа што сигналите не се најоптимистички и прашање е дали ќе ја гледаат и…