Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

ТОП 10 ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ кои сериозно ќе ги ,,здрма” минималецот од 18.000 денари

10 фев. 2022 г.·3 мин читање·2341 прегледи

Следете не на Viber

Просечната плата во ноември (според последните објавени податоци на Заводот за статистика) изнесува 29.130 денари. Сепак, општо познато е дека овие бројки ги билдаат одредени професии како програмери, банкари, фармацевти. Работниците од производствениот сектор се оние што се бројни, но и најслабо платени.

Според статистиката, освен кај најслабо платените професии ,,заштитни и истражни дејности со просечна плата 16.068 денари и одржување на згради (17.965 денари) каде што е очигледно дека ќе се случи позитивна промена со минималната плата од 18.000 денари, потреси ги очекуваат и просечните плати на работниците кои се нешто малку повисоки над минималецот.

Иако бележат просечна плата повисока за 1000 до 2000 денари над минималната и во овие професии се очекува да има нагорни корекции кај платите. Промените се неминовни бидејќи просечните плати во овие професии најмногу ги креваат примањата на шефовите и сопствениците, додека работниците работат за далеку под усвоениот минималец.

Кои се десетте професии со просечни плати малку над минималецот?

1.Производство на кожа -18.588 денари

2. Производство на облека -19.139 денари

3. Подготовка на храна- 19.206 денари

4. Вадење на јаглен и лигнит- 20.775 денари

5. Дејноста на вработување- 20.995 денари

6. Рибарство и аквакултура- 21.146 денари

7. Производство на кокс и рафинирани нафтени производи- 22.154 денари

8. Туристички агенции- 21.523 денари

9. Производство на мебел- 21.305 денари

10. Преработка на дрво- 21.324 денари

Освен во овие сектори дел и од администрацијата се уште зема плата под 18.000 денари. Конфедерацијата на слободни синдикати веќе реагираше дека покачувањето на минималната плата ќе доведе до порамнувањето на платите во јавниот сектор.

Во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат, претседателот на конфедерацијата на слободни синдикати, Благоја Ралповски апелираше до владата да се почитува членот 8 од законот за минимална плата, со кој се предвидува скалесто зголемување и на останатите плати.

“Владата, како најголем работодавач во јавниот сектор, не постапува по член 8 за усогласувањето на платите. Во членот 8 пишува дека во рок од 6 месеци треба да се усогласат платите. Доаѓаме во страшна ситуација со покачувањето на минималната плата од 18.000 ден.,…се случува страшно порамнување на платите во јавниот сектор. 48% сега ќе земаат иста плата…мора да се најде модел со кој сите плати ќе мора скалесто да се качат“, рече Ралповски.

Редакција Пари

Клучни зборови

  • минималец
  • покачување
  • просечни плати
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk