Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТОП 10 најскапи градови за живеење

19 ное. 2020 г.·2 мин читање·3941 прегледи

Следете не на Viber

Цирих и Париз ги заменија Сингапур и Осака на списокот на најскапи градови за живеење бидејќи глобалната економска несигурност како резултат на пандемијата резултираше во зајакнување на еврото и швајцарскиот франк. Според последниот извештај „Индекс на светски трошоци за живот“ објавен од The Economist Intelligence Unit (EIU), пандемијата влијаеше на промените на цените на стоките и услугите во 130 градови низ светот, заклучно со октомври оваа година. Како основен репер за споредба, ЕИУ ги зеде трошоците за живот во Њу Јорк.

Првите три места со Цирих и Париз ги дели Хонг Конг, а падот на Сингапур кој сега е на 4-то место, се должи на поевтините трошоци за живот поради значителниот одлив на странски работници. Имено, популацијата на Сингапур падна оваа година, што не е забележано од 2003 година.

„Ковид-19 пандемијата предизвика слабеење на американскиот долар додека пак ги зајакна западноевропските и азиските валути, зголемувајќи ги цените на стоките и услугите“, рече Упасана Дут, директор за истражување на трошоците на животот на ЕИУ.

Како што објасни таа, азиските градови доминираат на врвот на листата на најскапи во последните неколку години, но пандемијата го смени редоследот оваа година.

Јапонската Осака годинава го дели 5-то место со Тел Авив. Во извештајот се наведува дека цените стагнираат во Осака, а јапонската влада исто така започна да субвенционира дел од трошоците за живот, како што е јавниот превоз. Европа има уште два претставника меѓу 10-те најскапи градови, Жeнева на 7-то место, кое го дели со Њу Јорк и Копенхаген на 9-то место. На првото место е Лос Анџелес.

Во извештајот се вели дека цените на повеќето стоки и услуги останаа приближно на истите нивоа во последниве години, но одредени групи беа особено силно погодени од светската здравствена криза. Ова е точно за цените на облеката, кои нагло паднаа поради намалената побарувачка. Од друга страна, цените на

Клучни зборови

  • женева
  • за живеење
  • Лос Анџелес
  • најскапи градови
  • Осака
  • париз
  • Сингапур
  • Тел Авив
  • топ 10
  • Хонг Конг
  • Цирих
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk