Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

ТООП проценти 6,6% – Халкбанк со промотивен период за аплицирање за Visa Vita или Mastercard Credit Contactless картичките

3 јул. 2024 г.·2 мин читање·1252 прегледи

Следете не на Viber

Во тек е промотивниот период за аплицирање за кредитните платежни картички Visa Vita или Mastercard Credit Contactless на Халкбанк А.Д. Скопје.

Во периодот од 01.05.2024 до 31.12.2024, сите нови Visa Vita или Mastercard Credit Contactless кредитни платежни картички се со промотивна каматна стапка од 6,6%. Поволностите на промотивниот период во однос на каматната стапка може да ги користат клиентите кои се приматели на  плата во Халкбанк АД Скопје.

Visa Vita и Mastercard Credit Contactless кредитните картички немаат ограничување на лимитот во бројот на плати и даваат можност за користење и пристап до средствата од вашиот револвинг кредитен лимит 24/7. Картичките се одликуваат со плаќање на минимален долг од 5% и плаќање до 60 рати без камата кај над 800 партнери на банката.

Најголемите предности на Visa Vita и Mastercard Credit Contactless се: можноста за повлекување готовина без провизија последните седум денови од секој месец од банкоматите на Халкбанк АД Скопје и добивање на 10% пониски цени при купување на полиси за доброволно осигурување од Халк Осигурување.

При плаќање со кредитните картички на Халкбанк на ПОС терминали на Халкбанк, добивате можност да собирате и бонус поени во пре-дефинирани периоди на различни типови продажни места – објавени од страна на Банката. Собраните поени може да се искористат при идни плаќања во мрежата на Пос терминали од Халкбанк, при што 1 бонус поен е еднаков на 1 денар.

Во текот на промотивниот период првите 1000 апликации за овие картички поднесени во филијала добиваат 1000 бонус поени, додека пак првите 500 апликации преку е-банкинг добиваат 2000 бонус поени.

Картичките се меѓународни, поддржуваат интернет плаќања без провизија за трансакции на домашни и странски интернет страни и за истите добивате мејл известување за секоја направена трансакција.

Покрај тоа, ги поседуваат највисоките стандарди за безбедност во интернет плаќањата (3D Secure – Verified by Visa – VbV и MC Secure Code).

Постои можност за online аплицирање за картичките преку Електронско банкарство или Мобилната апликација.

Клучни зборови

  • Mastercard Credit Contactless
  • Visa Vita
  • Електронско банкарство
  • Мобилната апликација
  • Халкбанк А.Д. Скопје
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk