Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Банкарство

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје

3 сеп. 2024 г.·2 мин читање·1188 прегледи

Следете не на Viber

Тони Стојановски е новиот претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје и човекот кој ќе ја води Банката во наредните години и низ идните предизвици. Со ова успешно се заокружува преодниот период на НЛБ Банка Скопје кој го подготви досегашниот претседател на Управниот одбор, Бранко Грегановиќ. По одлуката на Надзорниот одбор на Банката и добиената согласност од Народната банка на Република Северна Македонија, Тони Стојановски ја презема функцијата претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од денеска, 3.09.2024.  

 „Длабоко сум почестен од укажаната доверба на Надзорниот одбор и на Народната банка да бидам назначен за нов претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје. Оваа Банка има наследство на извонредност, што ме прави исклучително мотивиран и натаму да го унапредувам со интегритет и посветеност. Уверен сум во компетенциите на тимот и способноста на колективот да ја насочиме оваа институција кон врвни резултати и просперитет, да ги одржиме највисоките стандарди во банкарството, истовремено обезбедувајќи одржлив раст и заеднички успех за сите засегнати страни.“ – истакнува Тони Стојановски во својата прва изјава по стапувањето на функцијата претседател на УО на НЛБ Банка Скопје.

За прв човек на НЛБ Банка Стојановски беше именуван од Надзорниот одбор на Банката на 10 јуни годинава. Во очекување на одобрението на Народната банка, од почетокот на јули, тој ја извршуваше функцијата помошник на Управниот одбор.

За потсетување, на челната позиција на НЛБ Банка, Тони Стојановски доаѓа од Стопанска банка Скопје каде 15 години беше член на Управниот одбор на Банката, а низ годините извршуваше и други високо-раководни функции. Пред да се приклучи на менаџерскиот тим на Стопанска банка Скопје, Стојановски извршуваше високо-раководни функции и во Народната банка на Република Северна Македонија. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со повеќе-децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации.

 

Клучни зборови

  • НЛБ Банка Скопје
  • Тони Стојановски
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk