Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Како Томи Хилфигер го изгради брендот?

28 мај 2020 г.·3 мин читање·439 прегледи

Следете не на Viber

Се чини дека Томи Хилфигер никогаш не се заморува од улогата на еден од најпознатите модни дизајнери во светот, бидејќи неговите резерви на енергија изгледаат скоро неисцрпни. Не му е доволно што е на чело на еден од најголемите светски модни и life-style брендови, Хилфигер продолжува да развива колекции со иконата од Формула 1, Луис Хамилтон и е голем поддржувач на Лондонската модна недела и Британски моден совет.

Уште поважно, тој е вистински амбасадор на својата индустрија, дизајнер кој никогаш не се става пред својот бренд и човек кој отсекогаш бил глас на разумот во индустријата што ретко е позната по сталоженост.

Како станаа тој и неговиот бренд она што се денес?

“Најголемата разлика помеѓу индустријата од пред 40 години, кога започнав и денес е огромната конкуренција. Gucci направи само неколку модели на чанти и неколку ремени. Louis Vuitton правеше само куфери. Prada создаде некои торби, но не многу друго. Ralph Lauren произведуваше вратоврски. Тоа беше сосема поинаков пазар, сосема друг свет. Сега секој создава сè, што го отежнува диференцирањето на пазарот, освен ако, се разбира, не знаете што правите.

Во средина каде има толку голема конкуренција, каде сите произведуваат сè, каде сите создаваат торби, секој произведува чевли и патики, како го одржувате интегритетот и издвојте дел од тој пазар само за себе? Мојот одговор е едноставен: Мислам дека го најдов својот пат. На почетокот, сакавме Tommy Hilfiger да биде достапен, забавен и необичен и навистина не сме се оддалечиле од тоа последните 35 години“, вели Хилфигер.

Американскиот моден свет се разликува многу откога тој започнал.
На почетокот се потпиравме само на фотографии и магазини за да го пласираме, а сега со социјалните мрежи и интернет имаме на располагање бројни можности“, додава тој.

Кога започнал се занимавал со лежерна спортска облека за американските млади момчиња, а сега се глобален life-style бренд кој е привлечен за мажи од сите возрасти, жени, деца. Неговиот бренд е застапен во 100 земји и има 2.000 продавници.

Неколку совети за добар стил од Томи Хилфигер

  1. Точната големина е клучот за постигнување на софистициран изглед.
  2. Држете се до едноставноста. Не мешајте премногу различни бои, материјали и модни додатоци.
  3. Бидете креативни. Држете се до класиката, но немојте да се плашите да додадете некој личен печат.
  4. Обрнете внимание на деталите. Тие се клучните кои ја прават разликата
  5. Добар часовник, очила за сонце, манжетни… Се тоа треба да го имате во својот дом
  6. Облекувајте се според вашиот начин на живот.
  7. Вложувајте во квалитетни материјали. Тие модни парчиња ќе ви траат подолго
  8. Трудете се да имате самодоверба. Ако не сте сигурни во тоа што го носите другите луѓе тоа ќе го забележат.

Извор: Бизнис Инфо

Клучни зборови

  • tommy hilfiger
  • бизнис
  • бренд
  • модел
  • претприемач
  • томи хилфигер
  • успешна приказна
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk