Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Тодор Анѓушев: Потребно е да се градат разновидни обновливи извори на енергија

18 ное. 2022 г.·2 мин читање·948 прегледи

Следете не на Viber

На првиот Балкански економски форум, кој денес се одржува во Скопје, Тодор Анѓушев, директорот на компанијата ЕМС, членка на групацијата Феро Инвест, ја истакна важноста на обновливите извори на енергија за зголемувањето на производството на електрична енергија во Северна Македонија.

Зборувајќи на панелот „Согледувања за побрза енергетска транзиција на Балканот“, Анѓушев, кој е и претседател на Групација за обновливи извори на енергија во рамките на Стопанската комора на Северна Македонија, посочи дека нашата држава е зависна од увоз на деривати и енергија и поради тоа потребно е да се овозможат услови за изградба на сите видови на обновливи извори.

На прво место да се искористи потенцијалот за  изградба на хидроелектраните, за ветерните електрани, електраните на био гас и на био маса, како и за фотоволтаичните електрични централи, а изградбата на сите обновливи извори би требало да се спроведува плански, внимателно и согласно Стратегијата за енергетика, подготвена од МАНУ.

Групацијата Феро Инвест и сестринската групација Централ Инвест, во сопственост на семејството Анѓушев се познати по инвестирање во обновливите извори и во своето портфолио имаат 25 мали хидроелектрани со над 22 мегавати инсталиран капацитет и фотоволтаична електрана со моќност од 8 мегавати, а во моментот во изградба е централа на био гас со инсталирана моќност од 2 мегавати, а паралелно работат и на изградба на други капацитети од обновливи извори за други компании.

Клучни зборови

  • Тодор Анѓушев
  • Феро Инвест
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk