Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Титан Усје: Акционерите ќе одлучуваат за две зделки со заинтересирани страни

30 авг. 2025 г.·2 мин читање·8196 прегледи

Следете не на Viber

Титан Усје ќе реализира две зделки од по максимум 16 милиони евра со Шаррцем Ш.П.К. од Косово и со Титан Глобал Финансе ПЛЦ. Предлогот даден од Одборот на директорите треба да биде усвоен од акциониерите на вонредното Собрание закажано за таа цел, кое ќе се одржи на 30 септември.

Предлог одлуката за одобрување на зделки со заинтересирани страни предвидува продажба, односно купување цемент, петрол кокс и клинкер од Шаррцем Ш.П.К., „чија поединечна или кумулативна вредност за секој производ посебно, за период од денот на донесувањето на оваа одлука до одржување на следното годишно собрание, ќе надмине износ од 9.200.000 евра, што претставува надминување на 10% од вредноста на активата на друштвото определена врз основа на последните ревидирани финансиски извештаи“.

И вредноста на заемот што ќе се даде на Титан Глобал Финансе ПЛЦ, како што е наведено, ќе надмине износ од 9,2 милиони евра, но не повеќе од 16 милиони, „што претставува надминување на 10% од вредноста на активата на друштвото“.

Поради тоа што предложените зделки ја надминуваат законски утврдената граница од 10 отсто од вредноста на активата, обезбедено е мислење од овластен ревизор, во согласност со Законот за трговски друштва. Акционерите ќе го имаат на увид тоа мислење пред да гласаат за одобрување на предлогот.

Клучни зборови

  • вонредно собрание на акционери
  • ТИТАН УСЈЕ
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk