Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

„Тимберленд“ го менува концептот на работа во фокус циркуларната економија

14 сеп. 2020 г.·2 мин читање·82 прегледи

Следете не на Viber

„Тимберленд“, еден од водечките светски брендови во индустријата за обувки и облека, планира севкупното производство да имаат позитивно влијание врз природата до 2030 година.

Компанијата вети дека ќе враќа кон природата повеќе отколку што зема. Менаџментот на компанијата, планира со новиот начин на производство да влијае врз унапредување на биодиверзитетот, квалитетот на водата и животот на земјоделците од кои набавува суровини.

Овој план ќе се исполни со постигнување на две цели: 100% од производите ќе бидат дизајнирани да ги исполнуваат принципите на циркуларната економија и 100% од природните материјали ќе се добиваат од регенеративно земјоделство.

Преку циркуларниот дизајн на производот, „Тимберленд“ планира да го намали отпадот на нула и да добие не само неутрално, туку и позитивно влијание врз природата со добивање природни материјали од регенеративно земјоделство, се вели во соопштението на компанијата.

До 2030 година целта на компанијата е сите производи – обувки, облека и модни додатоци – да бидат дизајнирани во согласност со принципите на циркуларната економија.

На овој начин производите ќе бидат направени од материјали кои што ќе можат да се рециклираат. Оваа есен, „Тимберленд“ ја лансира својата прва колекција чизми изработени од регенеративна кожа што се произведува во фарми во САД.

„Тимберленд“, исто така работи со земјоделци кои се пионери во регенеративното земјоделство за да формираат нови ланци на снабдување за регенеративна гума, памук, волна и шеќерна трска со цел да ги постигнат своите цели до 2030 година.

Клучни зборови

  • бизнис
  • менаџирање
  • обувки
  • тимберланд
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk