Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТЕТЕКС ДЕЛИ ДИВИДЕНДА: 730,8 илјади евра за акционерите, 51,7 илјади евра за директорот

24 мар. 2023 г.·2 мин читање·2112 прегледи

Следете не на Viber

Добивка од 90.202 илјади денари пред оданочување, односно 1,4 милиони евра, е резултатот од минатогодишното работење на тетовската Групација Тетекс, бренд кој повеќе од седум децении опстојува на овие простори, усепешно пребродувајќи ги предизвиците.

По оданочувањето, пак,  добивката изнесува 67.919.078 денари, или во противвредност – 1,089 милиони евра. Одлуката за нејзината распределба ќе се донесе на Годишното собрание на акционерите, закажано за 26 април.

Но, според предложеното, сумата од 730,8 илјади евра (45.558.810 денари) ќе биде поделена меѓу имателите на акции. Понатаму, делот од 54,4 илјади евра (3.395.954 денари) се внесува во законските резерви, а 51,7 илјади евра (3.226.156 денари) се за генералниот директор, согласно договорот за уредување на односите меѓу него и Друштвото. Од добивката, нераспределени остануваат 252,4 илјади евра (15.738.158 денари).

Инаку, лани Тетекс забележал продажба во вкупен износ од 962,3 илјади евра или 59.985.734 денари, на ниво на комбинатот, која е сочинета од: 388,5 илјади евра (24.218.482 денари) од пласман на производи и стоки, од овозможени услуги 440,9 илјади евра (27.483.617 денари), а од продажба на сопствен движен и недвижен имот – 132,8 илјади евра (8.283.635 денари).

Освен тоа, лани од извозот на ткаенини и ќебиња се инкасирани 39.513 евра.

Сепак, не е продаден целиот асортиман, па Тетекс располага и со залихи на готови производи, како предиво и волница, ткаенини, ќебиња, конфекција и трикотажа.

Од компанијата се задоволни од постигнатите позитивни резултати во кризен период, при што се посочува дека се намирени и сите обврски кон државата, фондовите, доверителите, банките и вработените. Се оценува дека ликвидноста, која се управува на дневно основа, е на задоволително нивои, а финансиските резултати од работењето се потврдени од независен ревизор.

Клучни зборови

  • дивиденда
  • тетекс
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk