Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Актуелно

Tesla ја спаси FCA од казни за флотната емисија на штетни гасови

21 мај 2020 г.·2 мин читање·249 прегледи

Следете не на Viber

Договорот помеѓу Tesla и FCA поврзан со регулативите во Европа кога станува збор за емисијата CO2 донесе бенефит за двете страни.

Со овој договор FCA се спаси од сигурни драконски финансиски казни од страна на Европската комисија поради флотната емисија на штетни гасови, додека од друга страна компанијата Tesla за овој договори доби 1,8 милијарди евра, што претставува огромна финансиска придобивка за американската марка.

Британски AutoTrader наведува дека овој договор всушност бил спас за две италијански марки – Maserati и Alfa Romeo. Имено, моделите на овие два бренда емитуваат значително поголемо ниво на CO2 од остатокот возила на оваа италијанско-американска корпорација во Европа.

Ова се припишува на фактот дека споменатите брендови поседуваат низа спортски автомобили кои не се особено штедливи кога станува збор за емисијата на CO2, а како второ просечната маса на моделите од Maserati и Alfa Romeo е далеку поголема од просекот кој го има Fiat, кој исто така е дел од FCA.

Доколку не дојдеше до договор со Tesla, FCA ќе беше приморана да реагира и да отстрани дел од моделите на споменатите брендови од пазарот, а тоа ќе значеше и жесток удар врз нив. Но, освен сето ова, FCA ја испитува потенцијалната соработка со Tesla и во други области, пред се во врска со преземањето на напредната технологија од автопилотот, но и потенцијално користење на погонските склопови и батерии на Tesla. Останува да се види дали и PSA групацијата, која наскоро треба да се спои со FCA, ќе биде заинтересирана за оваа соработка.

Клучни зборови

  • fca
  • tesla
  • алфа ромео
  • илон маск
  • Тесла
  • фиат
  • флотната емисија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk