Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Tesla: Ова е новиот суперкомпјутер со неверојатни способности

23 јун. 2021 г.·2 мин читање·2546 прегледи

Следете не на Viber

Тесла го претстави својот нов суперкомпјутер и веднаш го зазеде петтото место меѓу најмоќните суперкомпјутери во светот. Да бидат работите поинтересни, ова е само претходникот на претстојниот супер компјутер на Тесла, Доџо, објави Денар.

Новиот суперкомпјутер на Tesla се користи за обука на неурални мрежи кои го напојуваат автопилотот на Тесла и претстојната вештачка интелигенција со целосна автономија на возењето.

Во последните неколку години, во Тесла беа јасно насочени кон компјутерската моќ и во и надвор од нивните возила. Кај возилата им е потребен моќен компјутер за да користат софтвер за автономно возење, а надвор од возилата за суперкомпјутери, со кои се практикува новиот софтвер за целосно автономно возење, напојуван од податоците што доаѓаат од сите возила на „Тесла“.

Шефот на Тесла, Илон Маск, претходно го најави проектот Доџо, кој ќе биде суперкомпјутер способен за изведување на exaFLOP (трилиони floating-point операции или трилиони основни аритметички операции на реални броеви) во секунда. Тоа ќе го направи еден од најмоќните компјутери во светот.

Тесла работи на програмата Доџо последните неколку години, а Маск досега на некој начин сугерираше дека проектот може да биде готов до крајот на оваа година.

Шефот на одделот за вештачка интелигенција на Тесла, Андреј Карпати, го откри третиот по ред суперкомпјутер Тесла на неодамнешната компјутерска конференција (2021 Conference on Computer Vision and Pattern Recognition).

Тесла ги наведе и прилично неверојатните спецификации поврзани со овој нов суперкомпјутер, според кој се наоѓа на петтото место во светот на најмоќните суперкомпјутери. Тој има:

720 нодови со 8xA100 80 GB (вкупно 5760 графички процесори)

1,8 EFLOP (720 нодови * 312 TFLOP-a-FP16-A100 * 8 gpu / a)

10 пентабајти NVME простор за складирање на податоци со брзина од 1,6 ТБ во секунда

640 терабити во секунда вкупен преклопен капацитет

Извор: Денар.мк

Клучни зборови

  • Доџо
  • Тесла
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk