Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Во услови на тензии со Русија, Јапонија размислува да испорача гас на Европа

9 фев. 2022 г.·2 мин читање·756 прегледи

Следете не на Viber

Влијанието на тензиите меѓу Русија и Украина врз снабдувањето со енергија ја натера Јапонија да размисли за пренасочување на своите резерви на течен природен гас (LNG) кон Европа.

„Јапонија планира да обезбеди дел од своите резерви на LNG на Европа, бидејќи тензиите меѓу Русија и Западот околу Украина ја поткопуваат енергетската безбедност во регионот“, изјавија извори од јапонската влада за токиски „Кјодо њуз“ во средата.

Изворите рекоа дека Токио „ќе обезбеди доволно снабдување за домашните потреби пред да им помогне на европските земји кои се соочуваат со закана од прекини во снабдувањето со руски гас во случај на упад на Москва во Украина“.

Додека владата на премиерот Фумио Кишида разговара за обемот и времето на пренасочување на LNG во Европа, таа исто така може да побара соработка од јапонските компании вклучени во бизнисот со LNG за огромниот потег.

Тензиите во Украина се зголемуваат со месеци откако Русија собра десетици илјади војници во близина на границата со Украина, за што Западот вели дека е подготовка за војна. И НАТО и ЕУ предупредија на тешки последици доколку Москва го нападне соседот.

Русија постојано негираше дека планира да ја нападне Украина, инсистирајќи дека нејзините војници се таму само за вежби.

Планот на Токио да ги пренасочи своите резерви на LNG во Европа доаѓа откако САД побараа од Јапонија „да ја продолжи енергетската помош за да обезбеди стабилно снабдување со енергија во регионот во текот на зимата“.

Русија испорачува околу 40 отсто од вкупните потреби за гас на Европа.

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел, на состанокот минатата недела рече: „Русија нема да се двоуми да ги искористи своите енергетски резерви во Европа како „оружје за геополитичка добивка“ бидејќи цените на енергијата растат ширум светот.

Сепак, во извештајот се вели дека „побарувачката на LNG за греење има тенденција да ја надмине понудата во месец февруари во Јапонија“.

„Ќе проучиме дали нешто можеме да направиме без да влијаеме на секојдневниот живот на луѓето“, рече јапонскиот министер за економија, трговија и индустрија Коичи Хагиуда претходно овој месец.

Клучни зборови

  • гас
  • Европа
  • Жозеп Борел
  • јапонија
  • ЛНГ
  • русија
  • Украина
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk