Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Финансии

Падна профитот на Маѓар Телеком за 33%

6 авг. 2020 г.·2 мин читање·948 прегледи

Следете не на Viber

Профитот на „Маѓар Телеком” пред оданочување во првите шест месеци од годинава е намален на годишно ниво за 33 отсто на 49,2 милиони евра, додека оданочената заработка бележи пад од 42,3 проценти на 30,8 милиони евра, покажуваат податоците од извештајот за работењето на компанијата објавен доцна синоќа.

Вкупните приходи на групацијата во периодот јануари-јуни годинава се намалени за еден отсто на 915,5 милиони евра. Приходот од мобилните оператори пораснал за 2,6 проценти на годишно ниво на 503,5 милиони евра, а од фиксната телефонија за 0,6 отсто на 303,7 милиони евра. Во исто време, приходите во ИТ секторот се намалени за 18,2 проценти на 104,1 милиони евра.

Во вториот квартал на 2020 година „Маѓар Телеком” забележал вкупно намалување на приходите за 2,2 отсто на 454,6 милиони евра споредено со истото ланско тримесечје.

Компанијата информира дека намалените приходи во ИТ секторот на унгарскиот пазар биле компензирани со растот на приходите од телекомуникациските услуги во Унгарија и во Северна Македонија.

Според извршниот директор на „Маѓар Телеком”, Тибор Рекаши ваквите деловни резултати се должат на предизвиците со кои се соочи компанијата во вториот квартал од годинава како последица на пандемијата на Ковид-19.

Рекаши најави дека компанијата решила забрзано да работи на развој на мрежата за зајакнување на широкопојасниот интернет, потенцирајќи дека инвестициите во 2020 година ќе бидат повисоки од претходно најавените.

Клучни зборови

  • добивка
  • заработка
  • податоци
  • телеком
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk