Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

Телеком и А1 го делат пазарниот удел во мобилната телефонија

8 сеп. 2019 г.·3 мин читање·1287 прегледи

Следете не на Viber

Пазарот на електронски комуникации имал приход од повеќе од 281 милиони евра во 2018 година.

Вкупните приходи на пазарот на електронски комуникации лани изнесувале 17.297.466.000 денари или 281,2 милион евра, односно имаат раст од 0,34 проценти во споредба со 2017 година. Ова го покажуваат податоците во Годишниот извештај за развој на пазарот на електронски комуникации за 2018 година, што го објави Агенцијата за електронски комуникации на официјалната веб-страница.

1.969.109 имало лани активни претплатници во мобилната телефонија, или за 1,94 процент помалку споредено со претходната година кога се регистрирани 2.008.008 претплатници.

Зголемен е бројот на фиксни линии за 4,47 проценти во сите технологии и тие во 2018 година изнесувале 382.901 наспроти 366.529 во 2017 година.

Зголемен е и бројот на претплатници на ТВ-услуги за 2,74 проценти во 2018 во однос на 2017 година, при што се регистрирани 405.167, односно 394.376 претплатници.

Лани се регистрирани 427.964 претплатници на широкопојасен интернет (без претплатници преку мобилни мрежи), што е за 7,99 проценти повеќе во однос на претходната година или наспрема 396.295.

Кај претплатниците на пристап до интернет со широк и тесен опсег преку мобилни мрежи (2Г/3Г/4Г) бројот на претплатници пораснал за 6,46 проценти односно од 1.266.280 на 1.348.134.

Графикон бр. 1

Извор: АЕК
Во графиконот бр. 1 е даден пазарниот удел на мобилните оператори во РМ во приходите остварени од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на големопродажниот пазар во 2018 година. Како што може да се забележи од графиконот најголем пазарниот удел има A1 (оне.ВИП) Оператор од 60,53% потоа следува Македонски Телеком со 38,11%, Лајкамобајл има пазарен удел од 1,36% додека Роби има незначителен пазарен удел.

Графикон бр. 2

Извор: АЕК
Во графиконот бр. 2 е даден пазарниот удел на мобилните оператори во РМ во приходите остварени од обезбедување на мобилни комуникациски услуги на малопродажниот пазар за 2018 година. Како што може да се забележи од графиконот најголем пазарниот удел има Македонски Телеком со 52,13% додека A1 (оне.ВИП) Оператор има пазарен удел од 47,31%, Лајкамобајл има пазарен удел од 0,56% додека Роби има незначителен удел.

Пазарните удели се пресметани за вкупниот приход кој претставува сума од приходи од: услуга за започнување на повик, од месечна претплата, од пренос на податоци, од терминална опрема, од СМС, од ММС, од роаминг (сообраќај, СМС и дата) и останати приходи.

Клучни зборови

  • АЕК
  • извештај
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk