Во текстилниот сектор алармот е пуштен на најјако. Се отпуштаат работници, се затвораат фирми, па дури и без збор, работниците наидуваат на затворена врата на фабричка хала. Со години веќе македонскиот пазар за лон производство ја губи битката со пазарите од Блискиот Исток, каде што работната рака е значително поевтина. Експертите објаснуваат дека ова е природен процес, затоа што како што една земја се развива, така трудоинтензивните гранки го губат своето место во структурата на стопанството. Сепак, текстилната индустрија сè уште учествува со над 10 насто во индустриското производство.
Анализата што ја направи Пари во соработка со БизнисМрежа јасно покажува дека уште лани, приходите и добивките на компаниите биле пониски отколку во 2023 година. Вкупните приходи на текстилниот сектор биле 179,7 милиони евра и се пониски во однос на 2023 година, кога биле 186,6 милиони евра. Секторoт за една година загубил промет од 6,9 милиони евра и покрај тоа што некои компании веројатно успеале да добијат и повисоки цени зa договор…