Најави се Зачлени се
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Актуелно
Аналитика
Финансии
Банкарство
Крипто
Бизнис
Берза
Интервју
Личен Развој
Фондови
АктуелноАналитикаФинансииБанкарствоКриптоБизнисБерзаИнтервјуЛичен РазвојФондови
Почетна Најави се Зачлени се

Бизнис

ТАВ МАКЕДОНИЈА беше домаќин на српски туристички блогер со цел да го промовира Охрид како дестинација за патувања меѓу српската популација на балканот

7 јул. 2023 г.·3 мин читање·905 прегледи

Следете не на Viber

ТАВ Македонија, со поддршка на Air Serbia, го пречека и беше домаќин на српскиот блогер за патувања Putuj.rs, со цел промоција на Охрид и Охридското Езеро како дестинациja за патување кај луѓето од соседна Србија, кои од 19 јуни 2023 година можат да пристигнат во Охрид за помалку од 1,5 час, со летовите на Ер Србија на обновената линија Белград-Охрид, која сообраќа 4 пати неделно.

Српскиот блогер за патувања пристигна на Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид со првиот обновен  лет на релација Белград – Охрид, на 19 јуни, а за време на неговиот 5-дневен престој на живописното Охридско Езеро, ги овековечи воодушевувачките пејзажи, неверојатната архитектура, живите и динамични улици и волшебните цркви – во потрага по откривање на скриениот бисер на Балканот – Охрид.

Идејата и иницијативата на ТАВ Македонија – да ангажира професионалец кој ќе креира водич за патување за Охрид за српската популација на Балканот, на нивниот мајчин јазик, беше реализирана преку различни содржини на социјалните мрежи, креирани и објавени од страна на српскиот блогер putuj.rs, преку текст со фотографии на неговиот блог, преку страниците на Instagram и Facebook, како и преку 30-минутно видео за Охридското Езеро објавено на неговиот канал на YouTube, со наслов „Охрид и Охридското Езеро, приказна со душа“.

За време на неговата посета, блогерот шеташе по калдрмата, воодушевувајќи се на стариот град во Охрид, кој е на списокот на светското наследство на УНЕСКО. Се восхитуваше на иконичната Охридска тврдина, сведоштво за историското минато на градот и уживаше во архитектонските чуда на црквата Св. Јован Канео и црквата Св. Софија. Неговите фотографии и видеа одлично ја доловија суштината на овие историски знаменитости, носејќи ја и водејќи ја неговата публика до самото срце на Охрид. Понатаму, тој патуваше со брод до една од најатрактивните македонски туристички локации со прекрасна околина, манастирот Св. Наум, а имаше и шанса да ги посети и да ужива во природниот спој на изворите на реката Црн Дрим, а подоцна уживаше на плажата со ситни бели камења и беспрекорно проѕирната вода во Трпејца, како и на песочната плажа во Љубаништа.

Дополнително на уживањето во пејзажите, имаше шанса и за малку покачување на адреналинот – тој леташе со параглајдер над Охридското Езеро и Галичица, а во текот на целиот престој го доживеа гостопримството на луѓето и градот Охрид, вкусувајќи ги вкусните специјалитети како пастрмка, белвица, ѓомлезе, макало, рибја чорба и уникатната охридска јагула.

ТАВ Македонија, во рамките на стратегиите за маркетинг и комуникации на ТАВ Аеродроми, континуирано иницира слични активности од областа на интегрираните маркетинг-комуникации, со цел да ги промовира скопскиот и охридскиот аеродром, како и Охрид, Скопје и Македонија како дестинација за патување за странците од различни држави кои се потенцијални пазари за дојдовни туристи.

Клучни зборови

  • Air Serbia
  • Аеродромот Св. Апостол Павле
  • охрид
  • Српски блогер
  • Тав Македонија
Споделете на Facebook
Странична рекламаplaceholder
Аналитика
  • Менувачниците бројат милиони, а вработените илјадарки

    15.06.2026
  • Нептун е меѓу најголемите работодавци, но и меѓу најдобрите по плати

    12.06.2026
  • Кои се најсилните играчи во светот на коцкањето и обложувањето?

    12.06.2026
  • Менувачниците свртеле 18,7 милиони, а направиле профит од 1,2 милиони евра

    11.06.2026
  • Се знае дека Дрекслмајер вработува најмногу луѓе, но кој исплаќа највисоки плати?

    11.06.2026
FacebookСледете неInstagramСледете не
Рекламаplaceholder

Пари е финансиски магазин во сопственост на „Аналитика Медиум ДОО" кој објавува квалитетна содржина фокусирана на теми за бизнис, личен развој и анализи поврзани со финансии, банки, осигурителни компании, пензиски и инвестициски фондови. Пари има за цел финансиски да ги едуцира читателите за да прават подобар избор при носење на финансиски одлуки.

ИмпресумМаркетингУслови за преземање содржини

© 2026 Pari.com.mk